Предлогот доаѓа од извршниот секретар на владејачката Аманат партија, Елнур Беисенбаев, а повод е убиството и злоупотребата на 5-годишната Еркезан Нуркаман, која со пари за сладолед била примамена во домот на 48-годишен педофил кој и претходно е осудуван.
Овој пат убиецот добива доживотен затвор и хемиска кастрација, што според Беисенбаев не е доволно и треба да се оди на хируршка.
Првичниот предлог било хируршката кастрација да важи за сите педофили, меѓутоа тие решиле дека судовите треба да имаат избор во носењето на пресудите затоа ја оставиле хемиската кастрација како опција.
Беисенбаев смета дека ова не прекршува ничии човекови права затоа што педофилите секако не се луѓе.
Во Казахстан веќе неколку години функционира присилната кастрација, а педофилите редовно се вадат на националната телевизија и раскажуваат за своето патење по кастрацијата.