
Во 2020 година, 45-годишната канадска „соматска сексуална едукаторка“ Соња Семјонова била на карантинска прошетка кога почувствувала „врска“ со голем даб и се вљубила во дрвото. Соња се самоидентификува како „екосексуалец“ - нова гранка на квир движењето.
Практиката вклучува третирање на Земјата и нејзините природни манифестации како љубовници – дрвјата и цвеќињата, карпите и полињата, морињата и езерата, сè до ветерот и маглата.
Парафилијата се појави и во изданија за деца, како Teen Vogue, каде што е претставена како остварлив метод за борба против климатските промени: „Идејата е да ја спасите Земјата со забава и со екстремно интимни, консензуални искуства со неа“.
Соодветно именуваната веб-страница Vice објави коментар од истакнатата екосексуалка Аманда Морган, од УНЛВ Факултетот за здравствени науки, која објаснува дека екосексуалноста има широк спектар. На благиот крај се луѓето што користат еколошки сексуални помагала или оние што уживаат во голи нуркања. На екстремниот се луѓе што доживуваат оргазам при однос со дрвја или додека мастурбираат под вода.
Веројатно сето ова почнало како обична сексуална активност, но во последниве години дефинитивно се претвори во форма на зелен активизам или „рамка за климатска правда насочена кон задоволството“. Се одржуваат и годишни конференции. Наводно има околу 100.000 екосексуалци ширум светот.
Ова звучи многу како возобновување на паганството. Пред христијанството, пагански свештенички имале секс со дрвја за да го поттикнат повторното раѓање на природата, како ритуал за плодност.
Корените на неопаганството се во квир кампањата од средината на 2000-тите за легализирање на геј браковите низ Западот. Бет Стивенс и Ени Спринкл беа авторки на Манифестот на екосексот, во кој порачаа: „Ние сме аквафили, терафили, пирофили и аерофили. Бесрамно гушкаме дрвја, ја масираме почвата со нашите стопала и им зборуваме еротски на растенија... Ние водиме љубов со Земјата преку нашите чувства“.
Стивенс и Спринкл набрзо го прошириле овој концепт во идејата за бракови со други природни феномени. Во Австрија во 2014 година одржале церемонијална Свадба со почвата, а во Астурија во 2011 година Свадба со јагленот, како бизарна јавна оргија против фосилните горива.
Гардијан во 2017 година ја пофали кампањата на парот со напис за екосексуалната пионерка Ени Спринкл: „Порно ѕвездата што стана сексуален едукатор е предводник на новото квир движење кое ги комбинира сексот и екологијата, за да се биде едно со Земјата“.
Па, како Стивенс и Спринкл успеаја да ги финансираат своите патешествија низ светот, церемонии со танчери и оргии на универзитетски тревници? Со оглед на тоа што се вклучени во академските и уметничките кругови, аплицираат и добиваат големи грантови, служејќи се со звучни зборови како „климатски промени“ или „квирнес“.