Целата драма се одвива на приватниот имот на сега починатиот Мајк Хјуз во Калифорнија. 64-годишниот Хјуз беше познат по најразлични акробации (пример го држеше рекордот за најдолг скок со лимузина), и како сериозен поклоник на најразлични теории на заговор.
На видеото од настанот се гледа како при самото лансирање од ракетата се откачува падобран (кој веројатно треба да се отвори во итни случаи) додека ракетата продолжува нагоре. По некое време таа се врти и почнува да паѓа надолу. Тука некаде завршува и видеото.
Луѓе што присуствувале на лансирањето објаснуваат дека ракетата се триела од лансирната рампа што го предизвикало проблемот со падобранот.
Пред две години (март 2018) Хјуз имаше сличен успешен лет со кој стигна до височина од 570 метри, по што прво го отвори едниот, а потоа и другиот падобран и се приземји во Мохаве пустината. Иако имаше два падобрана приземјувањето било тврдо и тој си го повредува грбот.
„Не сакам бе на други да им верувам. Не знам дали светот е рамен или тркалезен,“ изјавил Хјуз околу својата намера лично да се увери околу формата на планетава.