Би-би-си повторно покажа дека знае да удене избор на репотрер

Во мртвата трка кој ќе биде најголемото човечко дно што некогаш било ангажирано пред камерите на Би-би-си се вклучи поранешниот зоолог на Би-би-си Адам Бритон кој се снимал себе си како силува и измачува кучиња, за што доби 10 години затвор.

Бритон е осуден во Австралија откако ја признал вината поврзана со 56 случаи на измачување и сексуална злоупотреба на повеќе од 42 кучиња што ги чувал на својот имот. Од делата на Бритон умираат 39 кучиња, вклучително и 9 кутриња.

Бритон кој има докторат по зоологија од Универзитетот во Бристол, е осуден на 10 години и пет месеци затвор, во кои 6 години нема право на условно.

Како дел од казната на Бритон до крајот на животот му е забрането да поседува или да има присуство на неговиот имот на каков било тим на цицач.

Манијакот почнал со своите дела некаде во 2014, кога ги силувал своите две кучиња, од сортата Швајцарски овчар, во посебна просторија на неговиот имот, направена само за тоа. Тој продолжува со ова се до неговото апсење во април 2022 кога не интернет се појавува видео од неговите дела.

Тој е откриен откако анонимен корисник забележал дека женка во едно од видеата носи портокалов околувратник карактеристичен за градот Дарвин, во чија близина се наоѓа имотот на Бритон.

Потоа полицијата добива дојава која и помага да открие каде е посвоено кучето и од кого.

Бритон не само што ги снимал видеата до измачувањето и силувањето, ги објавувал на интернет и ги поттикнувал и другите да го прават тоа.

Тој постојано следел и огласи во кои се давале кучиња за вдомување, од каде и ги набавувал новите жртви.

Во колекцијата на Бритон ималo и педофилска содржина која исто така ја споделувал.

15 август 2024 - 14:56