Ваквото идентификување на 45-годишниот Џозеф Гобрик, не наиде на разбирање кај судијата кој го осуди на 10 години до 20 години затвор. Машки затвор.
Гобрик за време на пресудата порачува „јас отсекогаш сум бил 8-годишно девојче.“
Од другата страна, обвинителот во случајот изјави дека дури и додека трае судењето обвинетиот цртал и зборувал за силување новороденчиња, притоа тврдејќи дека сите тие дела се заштитени од Уставот на САД. За да биде комплетен впечатокот, Гобрик решил да биде сам свој адвокат во случајот.
Педофилот е фатен со полн компјутер детска порнографија во која меѓу другото имало и десетици слики од 8 жртви на возраст од новороденчиња до 5 години. Гобрик тврди дека сликите биле компјутерски анимирани.
Меѓу добрите зборови што Гобрик има да ги каже за самиот себе е дека и покрај детската порнографија, тој не е активен педофил.
„Едноставно не е безбедно,“ изјавил Гобрик во врска со имањето секс со деца.
Тој се обидува и на идеолошко ниво да ги одбрани своите постапки порачувајќи дека законите за детска порнографија по кои тој е обвинет се истите закони што важеле и во нацистичка Германија.
Гобрик е откриен и уапсен во 2018 во Гранд Рапидс, Мичиген, кога полицијата се пушта во потргата по изгубена малолетничка. Девојката е откриена кај Гобрик дома, а во претресот е запленет и компјутерот на кој се откриени педофилските содржини.