Магазинот прво ги објавува последните насоки од американското НСГЦ (National Society of Genetic Counsellors) за лица кои потекнуваат од исти предок и нивното потомство. И според тоа што тие го заклучуваат ок е да имаш односи со прв братучед / братучетка, но има одредени ризици кои главно се однесуваат на подмладокот, односно „кај паровите без претходни генетски нарушувања во семејството постојат дополнителни 1,7 до 2,8 проценти зголемен ризик за значителни дефекти при раѓање.“ Просекот кај сите парови е 3%.
Меѓутоа Економист убедува дека тоа не треба да е ништо страшно затоа што кај бракови кај други групи постои поголем ризик на компликации за новороденчињата, па тие врски пак не се забранети. Пример лицата со ген за цистична фиброза и српеста анемија, каде ризикот за наследување на болеста е 25%.
Економист ја цитира и професорката од Универзитетот во Вашингтон и ко-автор на насоките на НСГЦ, Робин Бенет, според која „законот кој забранува брак меѓу први роднини е сериозна форма на дискриминација“ бидејќи ризиците се мали и не се нешто поразлично отколку за кој било друг пар.
Од науката, аргументите про-инцест на Економист се префрлаат на поп-културата и примери низ историјата, како Алберт Ајнштајн, Едгар Алан По и Чарлс Дарвин кои биле во брак со своите први братучетки. Дарвин има десет деца со братучетката, од кои 3 умираат уште за време на детството, а 3 никогаш немаат потомство.
„Сепак и покрај релативно нискиот генетски ризик за најголемиот дел од паровите, 'бљак' факторот преовладува во западната култура. Семејната динамика е тешка да се објасни на други. Најголемиот број сродни парови избираат да продолжат да молчат, и заради ова е тешко да се знае колку вакви парови постојат во Америка,“ пишува Економист.
Според нивно истражување бракот меѓу први роднини е забранет во 25 американски сојузни држави, но во ниту една европска држава.