Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Заврши златното партнерство за мРНК вакцини

14 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот фармацевтски гигант Фајзер го преполови својот удел во германскиот партнер Бионтек повеќе од пет години откако двете фирми формираа сојуз за развој на вакцини со мРНК технологија. Фајзер задржа акции во Бионтек во вредност од 163,5 милиони долари.
  • Фармацевтските компании се здружија во 2018 година заради развој на вакцини против грип базирани на мРНК. Тоа им овозможи глобална доминација на пазарот на вакцини две години подоцна, откако избувна пандемијата на ковид – ја создадоа првата вакцина против коронавирусот со мРНК технологија. Во врвот на продажбата, вакцината им генерираше 37,8 милијарди долари годишно. 
  • Огромниот прилив на пари му овозможи на Фајзер да го прошири бизнисот со преземање низа други фармацевтски компанија што произведуваа лекови за третман на рак, српеста анемија или аналгетици. 
  • Фајзер сега агресивно навлезе на новиот голем пазар на лекови за намалување на тежината. Завчера го победи данскиот гигант Ново Нордиск во трката за преземање на Метсера, во зделка од 10 милијарди долари. Извршниот директор Алберт Бурла постави цел компанијата да остварува 20 милијарди долари приходи до 2030 година.
  • Бионтек по пандемијата го префрли својот фокус на разни други истражувања, пред сè на лекови за третман на рак.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Параспур бевме, параспур останавме

Каде се интелектуалците?

Кријте ги бабите, мајките, сестрите... тој доаѓа!

Со три телевизори, а без храна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy