Поранешниот конгресмен на Демократите од Њујорк, неодамна најави дека планира дел од секс пораките заради кои ја изгуби цела кариера (а подоцна ја излизга и Хилари на изборите 2016) да ги претвори во НФТ и да ги продаде како такви.
Иако се уште не се знае што точно ќе претвора во НФТ, во арсеналот на Винер се директни пораки што ги испраќал на Твитер, налогот од ФБИ за запленување на неговиот компјутер и мејлот во кој Џон Стујарт се извинува што во својата емисија ги споменал нападите против Винер (двајцата се добри пријатели од младоста).
Подобриот дел од приказната за Винер е дека тој е адут и ѕвезда на Демократите во Њујорк, а неговата сопруга уште од времето е една од најблиските соработнички на Хилари Клинтон.
Тоа важи се до времето кога Винер прв пат го фаќаат дека се допишувал со други жени, по што тој се извини и малку се смирија работите. Потоа го фатија уште еднаш, за третиот пат кога го фатија против него да биде подигнато обвинение затоа што се допишувал со малолетни девојчиња. За ова тој доби затворска казна од 21 месец која му заврши во 2019.
Инаку компјутерот на Винер кој беше запленет како дел од истрагата за допишување со 15-годишно девојче содржеше мејлови на Хилари Клинтон, истите овие мејлови беа основа за ФБИ да започне истрага против Хилари на 11 денови пред претседателските избори во САД во 2016. Самата Хилари подоцна изјави дека оваа истрага на ФБИ придонела кон тесниот пораз од Доналд Трамп.