Таткото за сето ова го разбира дури кога открива клипови на телефонот на педофилот, во кои тој го тера девојчето да изведува сексуални акти. На снимките наводно се слуша како девојчето моли „сакам да си одам дома“.
Откако го видел ова, во гнев таткото прво го претепал педофилот, Олег Свиридов. Еден ден подоцна го одвел во шума и го натерал да си го ископа сопствениот гроб, пред да го избоде до смрт.
Истиот овој педофил малтретирал уште две девојчиња на возраст до 5 до 8 години, во село во рускиот регион Самара.
Полицијата го апси таткото, кој моментално е во куќен притвор и чека судење. Доколку биде прогласен за виновен тој може да биде казнет со 15 години затвор. До сега околу 2.500 локалци имаат потпишано петиција за поддршка на таткото кој „ги спаси нашите деца“.
„Беше хистеричен и многу потресен. Никогаш го немав видено таков. Му требаше многу време за да се смири и да ми објасни.
Рацете му се тресеа кога го извади телефонот на Олег и ми го покажа видеото. Не можете да замислите што доживеав и што видов. Ми се слоши, почна да ми се врти и да ми се повраќа.
Целата е тресев. Не можев да верувам на очите дека нашето дете е на видеото.
Тогаш маж ми почна да плаче. Повторуваше ’тој ми беше најдобар пријател, му ги доверив децата.’
Не можеше да помисли ни во милион години дека Олег би направил такво нешто,“ изјавила мајката на девојчето.
Следниот ден, тие со родителите на уште едно девојче одат да се соочат со Свиридов. Другата мајка сакала да го задави со голи раце, меѓутоа сопругот ја оттргнал.
„Сакав да го чујам Олег дека се кае, но тој само изјави ’не знам како го направив тоа’.
Јасно му беше дека или треба самиот да се убие или да оди во полиција. Ни рече ’дајте ми неколку часови да се поздравам со мајка ми, и потоа ваш сум,“ изјавува жената.
Во верзијата на таткото на 6-годишното дете, кога тој го носи педофилот во шума сакал со копањето гроб само да го заплаши, меѓутоа тогаш Свиридов го нападнал и во борбата паднал врз ножот.
Самото тоа што на таткото му е дозволено да остане во куќен притвор и покрај тоа што е обвинет за убиство, се толкува како сигнал дека судот ќе биде милослив кон него заради ужасните околности.