Да слушнеме една песна тешка 20 години затвор

Холвудски рапер прави песна со наслов EDD. Тоа е департмент за вработување на Калифорнија. Се фали како ги одрал. Песната има преку 500.000 прегледи на Јутјуб, само што некои од тие пола милион кликови биле на ФБИ. 

Прво, еве ја песната:

И пар стихови од неа:

“My swagger for EDD” и “got rich off of the EDD.”

“You gotta sell cocaine, I just file a claim.”

Раперот Нук Бизл е уапсен заради измамничко аплицирање за 1,2 милиони долари ковид субвенции за невработени издадени на други луѓе, меѓу нив и онакви на кои им бил украден идентитетот..

31 годишниот рапер чие вистинско име е Фонтрел Антонио Беинс се испофали во песна на Јутјуб дека го одрал бирото, а човекот барем не лаже. Освен кога успеал да дојде 92 дебитни ЕДД картички наполнети со 1,2 милиона долари. Со другарите успеале да извлечат 740.000 долари, додека ФБИ не му тропнало на врата.

За делата кои се товари предвидена е максимална казна од 22 години затвор.

 

17 октомври 2020 - 14:50