Се работи за 70-годишниот Џеси Мекфаден, поранешен затвореник, кој во својот поход бил вооружен со автоматско оружје.
Планот му бил со хеликоптерот (и автоматот) прво да ја нападне полициската станица во Аренак каунти во Мичиген, а потоа и тамошната болница, каде сакал:
„Да ја прекине струјата, да ги отклучи вратите и да ги ослободи пациентите што се во карантин за ковид-19.“
Од сето ова Мекфаден стигнал само до влезот на станицата на Крајбрежната стража, каде со удари во електронската брава се обидел да ја отвори вратата и да упадне.