Повеќе од 20 години секој американски претседател го избегнуваше објавувањето на какви било тајни документи и извештаи на американското разузнавање поврзани со нападите од 11 септември и се држеа до официјалниот извештај на Комисијата за истражување на 11 септември (на кратко, да имало Саудијци меѓу терористите, ама немале врска со владата на земјата).
Во извештајот „комисијата посебно се труди да не го имплицира Омар ал-Бајуми“ Саудиецот кој се сретнал со двајцата киднапери во Лос Анџелес кратко по нивното пристигнување во САД. По ова Ал-Бајуми ним им помага да се преселат во Сан Диего, каде се потпишува како гарант за станот што го изнајмуваат.
Сето ова време ставот на Бајуми е дека неговата средба со киднаперите е чиста коинциденција „нешто што комисијата многу малку се обидува го оспори“. Наместо тоа Комисијата создава главно невин приказ на Бајуми кој е во САД како бизнис студент кој работел во саудиската цивилна авијација.
20 години подоцна, ФБИ објавува документи дека Бајуми добива месечна стипендија од саудиските тајни служби, „со други зборови тој не бил студент туку шпион“. Според документи на ФБИ од 14 јуни 2017, Бајуми имал задача да собира информации „за луѓе од саудиската заедница кои биле од интерес“ и истите да ги споделува (кодоши) со тогашниот саудиски амбасадор во САД, принцот Бандар бин Султан ал-Сауд.
Втор декласификуван документ покажува дека доверлив извор му пренел на ФБИ дека има „50-50 шанси“ дека Бајуми однапред имал знаење за нападите од 11 септември и дека „им асистирал на двајцата киднапери додека живееле во Сан Диего.“
Досегашниот став на американското разузнавање беше дека саудиската влада нема никакво претходно знаење за нападот од 2001, меѓутоа одредени саудиски агенции и членови на кралското семејство имаат врски со Ал Каеда.
За улогата на Бајуми во нападите надополнуваат и британските тајни служби кои исто така сметаат дека тој имал претходно знаење за организацијата. Како доказ тие вадат еден лист од документите на Бајуми на кој има дијаграм што покажува како авион лета кон мета на хоризонтот, надополнета со формула за пресметување на далечината до метата.
Британците го имаат овој документ уште кон крајот на 2001, ама за неговото постоење се дознава дури во 2007, три години по конечниот извештај за 11 септември.