Отприлика колку што на тебе ти треба за да најдеш што да симнеш од торент или да гледаш на Нетфликс, толку му треба на просечниот руски хакер да влезе во нечија компјутерска мрежа.
Откако ќе ја изберат, или добијат, метата, само е прашање колку ќе бидат упорни припадниците на ГРУ за да ја хакнат својата жртва која, како што покажа неодамнешниот случај во Холандија, сама нема нешто многу што може да направи околу тоа.
Може ќе звучи како ова веќе да го имате чуено, ама САД пак ги сомничи руските хакери дека се виновни за уште еден глобален курцшлус - спукувањето на арапските држави и Катар.