Да не постоеше Хичкок финишов, некој ќе требаше да го измисли. Се случува на квалификациски меч меѓу Иран и Катар за играчи до 19 години. На водство од 4:3 во пенал серијата, голманот на Катар го одбрани клучниот за пласман на Азиското првенство кое се игра догодина во Индонезија, а судијата го поништи од несфатливи причини, па уште му даде и црвен. На сцена стапи капитенот кој ги облече ракавиците и стана херој. Неповторливо.