Таг: промашен пенал

Фудбалер на Лудогорец се надмина себе си во промашување пенал

Пјерос Сотириу, репрезентативец на Кипар и член на Лудогорец постави нови критериуми во изведување пенал, кој не се повторува ниту со напорни тренинзи. Па дечково го измами фудбалот и очекуваме светска слава да стекне со клипов.

Фудбалер на Охрид се фати за глава што Пелистер утна пенал

Ништо повеќе не е јасно за тоа кај ни тера клупскиот фудбал. Односно јасно е како ден само сите се прават будали. Ај сега да повториме: Фудбалер на Охрид се фати за глава што Пелистер утна пенал.

Чудо во Јапонија - промашени 9 пенали по ред

Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.

20 години од денот кога Мартин Палермо промаши три пенали на 1 натпревар

Во Гинисовата книга на рекорди има тотално неверојатни подвизи, а она што му се случи на легендарниот аргентински шпиц во 1999-та година ќе се раскажува од колено на колено.

Хорор пеналот на анонимусот кој стана легенда на свој начин

Ако некој ви го спомне името Питер Девин, веројатно нема ништо да разберете. Потоа може да ви рече „Абе оној Питер Девин“ и за да не бидете како паднати од Марс, најдобро да го најдете видеото по кое Питер Девин уствари стана славен.

Сељачката

Пеналот нема да го коментираме, бидејќи судијата беше блиску и веројатно виде дека сопката е внатре, ама затоа ќе го коментираме начинот на изведување. Па добро бе, можеш ли појако од ова? Стадионот се стресе, а не па пречката.

Промаши пенал па се обеси на мрежата и ја искина

Фудбалерот на Видеотон Данко Лазовиќ имаше среќа што неговиот тим оствари историски успех и се пласираше во плејофот на Лига на шампиони откако со Малме во Шведска одигра 1-1 а синоќа дома доволни 0-0.

Јап Стам ти ли си?

Цволе и АЗ Алкмар одиграа 1-1 во холандското првенство а домашниот фудбалер Ван Полен промаши пенал за победа во 87’ минута од мечот. Шутираше како еден негов познат претходник.

Најлудата пенал завршница во квалификации

Да не постоеше Хичкок финишов, некој ќе требаше да го измисли. Се случува на квалификациски меч меѓу Иран и Катар за играчи до 19 години. На водство од 4:3 во пенал серијата, голманот на Катар го одбрани клучниот за пласман на Азиското првенство кое се игра догодина во Индонезија, а судијата го поништи од несфатливи причини, па уште му даде и црвен. На сцена стапи капитенот кој ги облече ракавиците и стана херој. Неповторливо.

Каква е замислата на двајца наставници за промена на пенал серијата

Цели две години двајца шпански професори работеле на една студија која што ги довела до заклучок дека екипата која прва изведува пенал е во предност во однос на противникот. Затоа предлагаат ново решение.

Ќе промаши некој пенал, до утре

Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.

По 55 пенали, Кристијано прв пат промаши цел гол

Во 24. минута од мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, Кристијано Роналдо од пенал го промаши целиот гол, нешто што не му се случило во претходните 55 изведувања во шпанската Ла Лига. Португалецот се извади во 42. минута од првиот дел (пази иронија од пенал).

Тужба за голманот кој ископа дупка на терен

Марвин Хиц изјави дека никогаш до сега не одбранил пенал, па смислил начин како да го збуни противникот. За санација на теренот ќе плати 123 евра.

Лудоста на голманот на Аугзбург

Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.

Сите промашени пенали на Меси

„Фактот што промаши еден пенал не го прави помалку човек од друга планета. Даде два, намести уште еден и за мене и натаму е човек од друга планета“, симболично изјави Луис Енрике после мечот Барселона - Леванте (4-1), на кој Аргентинецот го промаши 17-от пенал во последните седум години.

10 промашени пенали што не се забораваат

Од оној на Роберто Баџо во САД 1994, до кобниот шут на Џон Тери во финалето на ЛШ 2008 во Москва, приказната за промашените пенали кои тешко ќе бидат заборавени..