Чудо во Јапонија - промашени 9 пенали по ред

Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.

На стадионот „Саитама“ играа освојувачот на Купот на Императорот, Висел Кобе на Андрес Иниеста и шампионот во лигата Јокохама Маринос.

Овој меч ќе влезе во историјата. По првите четири реализирани пенали (Тиаго Мартинс и Огихара за Маринос, Иниеста и Танака за Висел Кобе), дури девет пенали по ред не беа реализирани.

За ова сведочеа 51.307 гледачи на стадионот а тренерите Енџ Постекоглу (Маринос) и Торстен Финк (Висел Кобе) не веруваа што гледаа.

Пеналите ги промашија: Едигар (Маринос), Огава (Висел), Мизунума (Маринос), Ниши (Висел), Мацураба (Маринос), Осаки (Висел), Вада (Маринос), Вермален (Висел), Ендо (Маринос).

Конечно целата драма ја реши Јамагучи од Висел Кобе кој им го донесе вредниот пехар.

За Јокохама Маринос ова беше петто изгубено финале на јапонски Супер Куп.