Ретки се головите од слободен удар директно во гол од волку тешка позиција, бидејќи ударот од ваков агол бара прецизно и мангупско ефе со кое мора да се лобува голманот, инаку нема како да влезе. Бразилецот Матеус од Ногоја Грампус нè потсети на Синиша во ЛШ пред 20 години.
Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.
Неуништивиот Јапонец Казујоши Мијура е тема на денот во светот на фудбалот, откако на 53-години потпишал нов договор со Јокохама и уште ќе игра во најдобрата јапонска Џеј-лига.
Кога тогаш ќе се најде некој голман на кој ќе му дојде преку такво, ќе се стрча, ќе ја рогне на трибини пред овој да ја изведе и ќе му рече шутирај ако шутираш, пола век те чекам. Инаку дрвачов е од Јапонија и подобро да не го видат Ѕаѕа и Погба.
Во најдобрата фудбалска лига на Јапонија Џеј-лига, се одиграа 20 кола, а во последните неколку рунди паѓа дожд убави голови. Скоро и да нема натпревар без 2-3 гола и со исто толку ефектни мајстории.
Во втора лига на Јапонија паѓаат евроголови како во најдобрите европски лиги. Кента Фукумори со мајсторија од слободен удар го матираше голманот на Албирекс Нигата. Неговиот Китакјушу на крај победи со 2:1.
Автор на првото ремек дело, на мечот Точиги - Ависпа Фукуока (0:1) е Швеѓанецот Емил Саломонсон од слободен удар, а второто ремек дело на мечот Варен Нагасаки - Чиба беше дело на Отаке од 35 метри.
После три одиграни кола во Јапонија, тимот на Кавасаки е втор со 7 освоени бода. Денес со 0-4 го размонтираа Токио. Сите четири гола паднаа во прв дел а вториот беше најубав. Стрелец Бразилецот Леандро Дамијао.
Добро е што Урава Редс со 5-2 го прегази Вегалта Сендаи во јапонскиот Куп. Ама не чини што судијата поништи епски гол на Леонардо Нашименто Лопез де Соуза.
Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.
Неговиот Висел Кобе во полуфиналето на јапонскиот Куп на Императорот, со 3-1 го совлада Шимицу Пулсе, а Андрес Инеста го отвори резултатот уште во 13’ минута. За трофејот Иниеста и другарите ќе се борат на 1. јануари во финалето на Купот.
Цвејген Каназава, јапонски клуб чии навивачи никако не можеле да наполнат автобус за гостување на страна. И што да прават, решиле да врзат кукли, за да изгледаат повеќе на трибина.
Фудбалот секојдневно носи незамисливи работи, па така и денес од јапонската втора лига стигна лудо видео. Тимот Монтедио Јамагата на мечот против Ехиме во рок од 90 секунди даде 2 гола од своја половина. Да, од свое поле два пати ја дувнаа во мрежа.
Некогаш на стариот континент дрмаа Хидетоши Наката, Шинџи Накамура, Шинџи Оно и други, па подоцна имаше период на стагнација на јапонскиот фудбал во Европа, а сега сликата е скроз поинаква.
На страна шутов од средина на терен и прекрасниот погодок кој за жал му го поништи судијата, Ел Нињо постигна два ефектни гола во триумфот на неговиот Саган Тосу против Шимицу С-Пулс.
Сите од таму нафрлуваат, подаваат, размислуваат како да градат акција, овој не. Од крајот на светот ја даде и тоа во агол, кај што не се брани. Што лоб ќе беше ова?
Шестопласираниот тим во јапонската лига, Урава попладнево го пречекува Шонан Белмаре. На полувреме домаќинот води 2-0 после головите на Нагасава и Набут. За да го разберете едниот гол, неколку пати ќе треба да гледате реприза од видеото.
По магијата што ја направи пред неколку дена кога го даде првиот гол во Јапонија, Андрес Иниеста денес го постигна и вториот гол во дресот на Висел Кобе. И тоа каков гол!
Волшебникот Иниеста го постигна својот првенец во новиот клуб Висел Кобе кој славеше 2:1 против Ивата. На асистенција на Лукаш Подолски, Иниеста направи маестрален потег.
Тројца јапонски фудбалери челичат 100 деца во натпревар на кој децава иако се толку многу на број, едвај успеаваат да ја допрат топката без разлика што можат да се постават во формација 40-40-20 или да речеме 50-30-20. Тоа што имаат едно 10 голмани не им го спасува голот, бидејќи не им текнува да се качат на ушка.