Мијура минатиот септември на 53 години, 6 месеци и 28 дена заигра за својата Јокохама против Кавасаки и постави нови апсолутни рекорди како најстар активен фудбалер на светот. До финишот на минатата сезона, чичко Казујоши Мијура одигра уште четири меча за екипата која во елитната јапонска лига се врати по пауза од цели 13 години.
На 26 февруари ќе полни 54 години, а само ден подоцна започнува новата сезона во јапонската Џеј-лига.
Новиот договор сега ќе му важи до крајот на сезоната 2020/2021 која ќе биде негова 36-та во кариера!
„Потпишав договор со Јокохама до крајот на сезоната. Минатата сезона светот се најде во тешка ситуација поради глобалната пандемија, но благодарение на многу луѓе одново може да играме фудбал.
За мене не беше баш најдобра сезона лани, но страста за фудбалот ми е поголема. Упорно се трудам секој ден со цел да играм повеќе мечеви и екипата да победува“, изјавил Миура после потписот на новиот договор. „Кралот Казу“ кој на 26 февруари ќе наполни 54 години, кариерата ја почнал во родната Шизуоа, а со само 15 години оди да игра фудбал во Бразил каде настапувал за Сантос, Палмеирас и Коритиба.
Kazuyoshi Miura, who is entering his 36th season as a pro, has signed a contract extension with Yokohama FC for the 2021 season.
— B/R Football (@brfootball) January 11, 2021
He turns 54 in February 🤯 pic.twitter.com/TbsJ99NIak
После 8 години во Бразил, се преселил во Италија каде поптиша со Џенова и стана првиот Јапонец во историјата на Серија А. Го носел дресот и на Сиднеј во Австралија и на Динамо Загреб.
Во 2000-та решил да се пензионира после 89 меча и 55 гола за селекцијата на Јапонија. По 4 години одлучува да му се врати на фудбалот а во 2017-та светот се потсети на него откако стана најстар стрелец на гол во професионален фудбал на 50 години.