Таг: Казујоши Миура

Факт на денот

Легендарниот Јапонец Казујоши Миура е роден 1967-ма, постар е и од ПСЖ. Кариерата ја почнува во 1986-та во Сантос и заигрува во Бразил, Јапонија, Италија, Хрватска и Австралија. Знаете што ново? За 20 дена полни 56 години и уште игра фудбал. На истекот на јануарскиот преоден рок замина на позајмица во второлигашот Оливеиренсе. Чудесија од човек кој изгледа планира копачките да ги соблече на 64 и од таму директ во пензински фонд.

54-годишниот Јапонец кој од 1994-та брка гол за вечен рекорд

Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.

Нов договор за најстариот фудбалер на светот

Неуништивиот Јапонец Казујоши Мијура е тема на денот во светот на фудбалот, откако на 53-години потпишал нов договор со Јокохама и уште ќе игра во најдобрата јапонска Џеј-лига.

Најстариот фудбалер на светот, Јапонецот Казујоши потпиша нов договор на 52 години

Додека сите поранешни фудбалери на 52 години веќе добро нагазиле во втора деценија од своето повлекување, Казујоши Миура уште нема намера да се откаже од фудбалот и ќе тера уште.

Најстариот фудбалер во историјата постигна гол

Казујоши Миура e една година година разлика во возраст со Христо Стоичков кој се повлече пред 14 години, но тоа не го спречи денеска да стане највозрастиот стрелец во историјата на фудбалот. Што мускули ќе имаше?

Најстариот фудбалер во светот ќе игра уште

Италијанците го имаат рекордерот Марко Балота кој на 43 години бранеше во ЛШ за Лацио, ние го имаме Тони Мицевски кој на иста возраст играше, а можеби и уште игра за родното село Поешево, а Јапонците го имаат Миура кој постојано ги поместува границите.

Јапонскиот Тони Мицевски се јави со гол

Сер Алекс Фергусон стана тренер на Манчестер во 1986 година, а пред две години рече доста е. Во истата година Казујоши Миура почнува со фудбалска кариера во Бразил и нема абер да оди во пензија.

Јапонскиот фудбалер кој не знае за доста

Секоја чест за Занети и Гигс кои се уште се активни фудбалери, а годинава ќе наполнат по 40 години, но ти се млади во споредба со човекот од Јапонија кој нема намера да престане со фудбалот. Се вика Казујоши Миура, роден е во 1967 година и настапува во втората јапонска лига.