Легендарниот Јапонец Казујоши Миура е роден 1967-ма, постар е и од ПСЖ. Кариерата ја почнува во 1986-та во Сантос и заигрува во Бразил, Јапонија, Италија, Хрватска и Австралија. Знаете што ново? За 20 дена полни 56 години и уште игра фудбал. На истекот на јануарскиот преоден рок замина на позајмица во второлигашот Оливеиренсе. Чудесија од човек кој изгледа планира копачките да ги соблече на 64 и од таму директ во пензински фонд.