Фоајер

Коцката е од Битола, неколку години живее во Шенжен, Кина. И некогаш му е досадно кога оди на работа или седи во кафуле. А убави жени, дал Господ сегде.

 


Дигестивниот систем на западниот свет го преработи женското тело, задавајкќи предности на маните и мани на предностите, без никој притоа да не осети некакво гадење, туку да му се восхитува на истото со таа мера како тоа да е и воопшто недопрено. Чирот во економијата – ресесијата, аритмијата на ритамот на постоењето во денешницата и ни малку незанемарливиот дотур на импути со дискутабилен квалитет, секојдневно исфрла продукти преку анусот на маркетингот, кој се неодоливи за восприемање.

Ако е така на запад, ако последиците на емулгатори, и брзо сварливи материи и го прават тоа на тој реагенс ЖЕНАТА, што се случува тука на истокот, каде импутите се непребирливо исцедени од природата, а маните во дебелото црево се третираат со масажа на стапалата. Развојот на средината, го претвара окружувањето во прекрасен развивач во процесот на согорувње, согорување не од типот на корозирање зошто ргосувањето на железото со кислородот прави реакција на согорување-оксидација со дискутабилен производ.

Овде обвивката на голите нозе, скриените гради, не незаприметливиот задник и останатите се поважни денес делови од атомот на ЖЕНАТА со сета своја протонска моќ согоруваат со огромен интензитет. Не само во окото на тамошниот посматрач, ами се почесто може да се одслика и во секојдневниот навидум обичен Каубој од француската лоза, со префинет вкус за Фаст-фуд.

ОБЈАСНУВАЊЕ

Иван Коцка Јанчев сликите ги прави додека оди на работа, или по пат до најблиското кафуле, шетајќи , ни помалку ни повеќе на ВОАЕРСКИ начин. Така да субјектите кои се предмет на интерес за нас гледачот. Ниту се спремиле за да бидат сликани ниту пак знаат за сликата и воопшто за оваа изложба.

Игор Трајковски Фоја

за изложба на фотографии на

Иван Јанчев

(кој изминативе 3 години зивее и работи во Шенжен, Кина)

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

15 февруари 2014 - 12:18