Живата јапонска легенда познат како “Кралот Казу“ со полни 50 години и 14 дена постигна гол за јапонскиот второлигаш Јокохама, со што му донесе победа на својот тим и постави нов рекорд станувајќи најстар стрелец во историјата.
Миура практично си го сруши сопствениот рекод кој го постави на 7 август 2016-та кога даде гол на 49 години, 5 месеци и 12 дена. Со својот настап минатата недела тој го остави зад себе и апсолутниот рекордер Стенли Метју кој во 1965-та година настапи за Стоук како најстар играч со 50 години и 5 дена.
Вечниот Јапонец игра фудбал од 1986-та кога Сер Алекс Фергусон стана тренер на Манчестер Јунајтед, а кариерата ја почна во Сантос кога Меси уште не бил роден.
Во неговата 32 годишна професионална кариера смени повеќе клубови меѓу кои Динамо Загреб и Џенова, но во Серија А каде настапуваше во сезоната 1994/1995 не се прослави и постигна само еден гола и тоа на градското дерби против Џенова.
За Јапонија има постигнато 55 гола на 89 средби, но никогаш нема заиграно на Светско првенство. Во 1993 година стана првиот добитник на наградата за најдобар фудбалер на Азија, награда која од тогаш ја доделува Азиската Фудбалска Конфедерација.
Се сеќаваме на Марко Балота кој бранеше за Лацио на 43 години. Алесандро Костакурта за Милан играше на 40, а со иста возраст ене го и Тоти уште не се дава во Рома. Но нема ваква стара и издржлива коска како Миура. Па има луѓе кои на 50 години во сала не можат да истрчаат 20 минути.