Парк на штипски начин

"Првиот парк кај градскиот пазар доби потпорен ѕид", гласи насловот на радосната вест објавена на општинскиот сајт на Штип. Значи, за парк се работи. Парк! Очекуваме од нашите читатели од Штип масовно да го посетат реновираниот парк и да ни испратат групна фотографија, за евентуално да го рекламираме за големи концерти на отворено и слични дешавки.

Првиот парк кај градскиот пазар доби потпорен ѕид
Фондацијата ЛЕР-ИТ при Општина Штип продолжува со интензивни активности за конструкција на зелените површини кај градскиот пазар во Штип, на улицата „Сутјеска".

Убавото време ги засили активностите за уредување на шест паркови површини покрај станбените објекти. Првиот парк веќе доби и потпорен ѕид од камен, со што е оформена парковата парцела а во сличен стил ќе се продолжи и со останатите пет локации, во долниот дел на улицата „Сутјеска"...

 

извор

17 февруари 2014 - 09:25