Казујоши Миура го урна сопствениот рекорд и својата долга кариера која му почна кога Фергусон стана тренер на Манчестер, ќе ја продолжи на уште една година.
Јапонскиот второлигаш Јокохама на 11 ноември во 11:11 часот објави дека му го продолжува договорот на напаѓачот кој го носи дресот со број 11.
„Им благодарам на клубот и навивачите кои секогаш ми даваат поддршка. Ќе продолжам да давам сè од себе“, изјави Миура кој се повлече од репрезентацијата на Јапонија во 2000 година со 55 постигнати гола.
Неуморниот напаѓач во јуни годинава повторно си го сруши сопствениот рекорд како најстар стрелец во јапонскиот фудбал кога четири месеци по неговиот 48-ми роденден постигна гол.
Миура во 1993 година стана првиот добитник на наградата за најдобар фудбалер на Азија, а една година потоа потпиша за Џенова и стана првиот Јапонец кој заиграл во Серија А. Единствениот гол во Италија го постигна во градското дерби против Сампдорија.
Фудбалското патешествие му почна во 1986 година во Сантос кога Меси уште не бил роден, а догодина ќе слави јубилеј од 30 години кариера.
Во Велика Британија за најстар фудбалер се смета Нел Мабејн кој во 1947 година за екипата на Њу Брајтон се појавил на терен со 51 година.
Како Миура го натскока својот чувар на 48 години