54-годишниот Јапонец кој од 1994-та брка гол за вечен рекорд

Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.

„Се надевам дека исто ќе можам да играм фудбал до 52 години како Миура зошто фудбалот е мојот живот. Му се восхитувам на Миура и неговата страст за фудбал“, изјави пред една година Андрес Иниеста пред почеток на сезоната во Јапонија.

Помина една година од тогаш. Миура веќе има 53 години, потпиша нов договор со Јокохама и пред него има иста цел која ја брка веќе 10 години.

ЈАПОНИЈА ПОРАНО НЕ БИЛА ФУДБАЛСКА ЗЕМЈА, НО НА ПОЧЕТОК НА '90-ТЕ ГИ ВИНАЛА ЛИНЕКЕР И ЗИКО ДА ГО ПОПУЛАРИЗИРААТ ФУДБАЛОТ

Во Јапонија во средината на минатиот век не се следел многу фудбалот. Таму и тогаш а и ден-денес бејзболот важи за спорт број еден. Бејзболот се појавил во оваа земја многу пред фудбалот, во втората половина на 19 век.

Во 1980-та Јапонците организирале Светско првенство во бејзбол за во 1982 освоиле сребро на Мундијал.

Фудбалот не го сфаќале сериозно. Го викале „сокер“ и до 1992-ра имале аматерска лига. Сите професионални фудбалери играле во странство. Прв Јапонец во една од најдобрите европски лиги бил Јасухиро Окудера кој во 1977 потпишал договор со Келн и во првата сезона освоил шампионска титула.

Репрезентацијата на Јапонија никогаш до тој период не учествувала на Светско првенство, а на Купот на Азија првпат заиграле во 1988-ма.

На почетокот на '90-те приказната се сменила. Јапонците станале економски посилни, но се уште имале малку спортски арени.

Тогашниот премиер на земјата Кичи Мијазава во 1991-ва рекол дека Јапонија треба да стане Lifestyle Superpower.

Дел од овој проект стана и фудбалот. Јапонците сакале да организираат Светско првенство и почнале да ги собираат ѕвездите за да го популаризираат овој спорт.

Во 1993 година ја основале професионалната Џеј-лига во која веќе играле 33-годишниот светски првак Пјер Литбарски, 33-годишниот Гари Линекер и 40-годишниот Зико.

Но главна ѕвезда бил 26-годишниот Казујоши Миура. 

ВО ЈАПОНИЈА ГО СМЕТАЛЕ ЗА ХЕРОЈ

„Крал Казу“ на 15 години се преселил од Јапонија во Бразил каде учел фудбалски вештини и работел како водич за јапонски туристи.

Заиграл во гигантот Сантос а подоцна и во Куритиба. Веќе во 1990-та се вратил во татковината на 23 години. Миура играл фантастичен фудбал и на Токио Верди му донел две шампионски титули по ред и два пати бил биран во тимот на сезоната. Во 1992-ра ја носел Јапонија до пехарот во Купот на Азија, станал МВП на првенството и играч на годината на азискиот континент.

Јапонците уште од тогаш имале голема љубов кон локалниот спорт. Извесен Јошио Таканаши од Високата школа на хуманитарни науки при универзитетот Цукуби пишувал дека јапонските фудбалери биле сметани како херои кои секогаш треба да го победат злото, како во приказните.

ЗИКО СЕ СМЕТА ЗА ОСНОВОПОЛОЖНИК НА ФУДБАЛОТ ВО ЈАПОНИЈА

Легендарниот Бразилец кој има злато од Светско првенство и кој ја наследи 10-та од Пеле, ја завршил кариерата во 1989-та. И не планирал да се враќа во фудбалот. Работел како министер за спорт во Бразил.

Но во 1991-ва добил неочекуван повик од Јапонија.

„Пред мене стоеше цел - да ги научам Јапонците да играат фудбал. Од аматери да направам професионалци. Јас реков дека веќе сум завршил со фудбал и не планирам да се враќам. Но Јапонците беа упорни. Кога дојдов во Јапонија видов на колку ниско ниво им е фудбалот“, раскажал еднаш Зико за сајтот на ФИФА.

На 38 години почнал да игра за Кашима Антлерс во сезоната 1991/1992 во втората јапонска лига и одма станал најдобар стрелец (паралелно Миура бил најдобар играч во првата лига).

Зико брзо се вљубил во Јапонија.

„Некои карактерни црти ме приврзаа со Јапонија: како дисцпилината, желбата за успех и решителноста. Заслужив доверба, луѓето ми помагаа“.

Зико бил и играч и тренер. Купил куќа во Јапонија во која еднаш на гости му дошол Ајртон Сена кој добил дрес од Кашима Антлерс а за возврат на сонародникот му дал кацига од Формула 1. Сена победил на тргната за ГН на Јапонија и тоа била негова претпоследна победа во кариерата.

ГОЛЕМИОТ ДУЕЛ СО МИУРА КОГА ЗИКО НАПРАВИЛ СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ

Во сезоната 1992/1993, прва во историјата на Џеј-лигата имало формат сличен како оној во Аргентина само со чудни измени. Екипите за титулата се бореле 4 пати, а во случај на нерешено имало златен гол и пенали.

Шампион бил само победникот на двомечот на суперфиналето во кој играле победници на двете полусезони. Кашима Антлерс на Зико која дошла од втора лига, била сметана за аутсајдер, но во првиот меч од сезоната со 5:0 ја декласирала Нагоја на Гари Линекер.

Зико постигнал хет-трик, прв во историјата на Џеј-лига. На свои 40 години! 

Бразилецот поради возраста играл помалу време. Кашима Антлерс долго време била просечна, но во 12 коло победиле против Кавасаки Верде и тргнала победничка серија. Кашима станала најдбора екипа во првиот круг.

Вториот круг од сезоната 1993 бил еден од најјаките за Казујоши Миура. Тој постигнал 15 гола на 18 меча и конечно се сретнал со Зико. После мечот со Кашима, Миура отишол кај Зико во соблекувалните и му пружил рака.

На крајот пак се сретнале и тоа во големото суперфинале. Двата меча се играле на најголемиот стадион во Токио кој собирал 60.000 гледачи. Првиот меч го добил Верди Кавасаки 2-0 предовден од Миура, а на реваншот Кашима прва повела и бркала уште еден гол но морале да внимаваат на опасниот Казујоши Миура.

Нервозните играчи на Кашима добиле неколку жолти картони поради неконтролирани реакции, а при резултат 1-0 пред крајот веќе атмосферата се вжештила.

Во 82' минута тимот на Зико изгубил контрола и направиле пенал. Кон топката пришол Миура.

А Бразилецот нервозен и бесен што ќе изгуби во првото историско финале во Јапонија прва застанал пред Миура а после му плукнал во топката. Судијата му дал втор жолт картон и го исклучил. Крал Казу го израмнил резултатот на 1-1.

Зико не го ни гледал изведувањето на пеналот, а кога мечот завршил не излегол на терен да прими сребрен медал и да им честита на ривалите. 

ЗИКО ДАЛ ГО НА 41 ГОДИНА, МИУРА ГО БРКА НЕГОВИОТ РЕКОРД ДУРИ И НА 53 ГОДИНИ

Од тогаш Бразилецот и Јапонецот веќе никогаш не заиграле. Во 1994-та Зико ги одиграл првите 7 меча од првенството но не освоил ништо во Јапонија.

Но затоа поставил „вечен“ рекорд. Постигнал гол на 41 година, 3 месеци и 12 дена.

Зико подоцна се враќаше во Јапонија како технички директор и генерален менаџер на Кашима Антлерс, најтрофејниот клуб од 1993-та година. Беше и селектор на Јапонија од 2002 до 2006 но ништо не освои. 

А „Крал Казу“ во 1994-та година веќе сфатил дека освоил се што може да освои во Јапонија и во следните 5 години играл без многу волја.

Во есента 1994-та година заминал во Италија но за Џенова дал само 1 гол на 21 меч.

Во летото 1995-та се вратил во Кавасаки Верде но за цели три години не освоил баш ништо. Поради голема расправија со селекторот на Јапонија во летото 1998-ма не се нашол на списокот патници на Светското во Франција иако бил најдобар стрелец во лигата.

Најчуден трансфер се случил во есента 1998-ма кога Казујоши Миура потпишал договор со Динамо Загреб и станал шампион на Хрватска.

Во 2000-та ставил крај на репрезентативната кариера на 33 години. Во Јапонија веќе освоил се и играл за свој ќејф. Следен предизвик му бил вечниот рекорд на Зико, но нивото на квалитет на клубовите на Казујоши паѓал од година во година.

На 38 години заминал од Висел Кобе и потпишал со Јокохама, најслабиот клуб во втората лига.

После 2 години, во 2007-ма Јокохама се вратила во првата лига. Миура постигнал гол на 40 години, 6 месеци и 6 дена. За да го стигне Зико требал да даде гол после пола година, а Јокохама испаднала од лига.

Од тогаш веќе 13 години „Крал Казу“ секоја година го обновува рекордот како најстар стрелец на гол но во втора лига, не во прва. Во 2020-та година Јокохама се врати во Џеј-лигата. Кадзу лани одигра вкупно 67 минути на 4 меча и успеа да постигне погодок.

53-годишниот Миура сезонава ќе се обиде да постави нов вечен рекорд, но има конкурент. Сигурно ви е познат - Шунзуке Накамура, легендарниот Јапонец кој има 42 години и игра исто во Јокохама заедно со Миура. 

„Желба ми е да дадам гол од слободен удар и да го урнам рекордот на Зико за најстар стрелец во првата лига. А после ќе му наместам на Казу гол. Ако он постигне погодок, тој рекорд во јапонската лига веќе никој нема да го урне“, вели Накамура.

Казу неодамна го продолжи договорот со Јокохама и вели дека нема да прекине додека не даде гол. 

Казујоши на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама.

Роден во 1967-ма, на 23 септември 2020-та на 53 години, 6 месеци и 28 дена стана највозрасниот фудбалер во Џеј-лигата откако влезе на мечот Јокохама - Кавасаки Фронтале и го урна рекордот на Масаши Накајама кој играл на 45 години, 2 месеци и 1 ден.

Пред Казујоши Миура рекордот за најстар професионален фудбалер го држел голманот на англиски Бартон Албион, Кевин Пул.