Браќата Бабунски играат во втората јапонска лига. Давид е член на Омија Арџија, клуб кој во моментов е втор на табелата и има големи шанси да се пласира во првата лига. Дориан игра за клубот Макида Зелвиа. На домашните натпревари на Омија, на трибината кај најверните навивачи секогаш стои македонско знаме.