На јапонскиот Висел Кобе не му цветаат рози во домашното првенство каде имаат 5 порази по ред и не знаат за бод уште од пред месец, ама па затоа во Азиската Лига на шампиони играат добро. Го победија кинески Гванжу Евергранд на гости со 1-3 а Иниеста (37) го постигна последниот гол.
Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.
Неговиот Висел Кобе во полуфиналето на јапонскиот Куп на Императорот, со 3-1 го совлада Шимицу Пулсе, а Андрес Инеста го отвори резултатот уште во 13’ минута. За трофејот Иниеста и другарите ќе се борат на 1. јануари во финалето на Купот.
Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.
По магијата што ја направи пред неколку дена кога го даде првиот гол во Јапонија, Андрес Иниеста денес го постигна и вториот гол во дресот на Висел Кобе. И тоа каков гол!
Волшебникот Иниеста го постигна својот првенец во новиот клуб Висел Кобе кој славеше 2:1 против Ивата. На асистенција на Лукаш Подолски, Иниеста направи маестрален потег.
Јапонскиот клуб Черезо Осака реши да ја забавува публиката а воедно и да му направи мерак на еден мајмун да му ја врачи топката на судијата пред мечот со Висел Кобе. Дури и дрес му облекле од екипата.