Палеонтолозите дури тврдат и дека нашле нешто заедничко меѓу нив.
При раскопување во шпанскиот град Бургос, палеонтолозите пронашле нов вид на диносаурус за кого се сложиле да го наречат Iniestapodus burgensis (во буквален превод ногата на Иниеста од Бургос).
Овој вид бил диносаурус сауропод кој припаѓа на групата четвороножни растителни диносауруси. За разлика од вообичаените три канџи кај диносаурусите, овој има четири канџи и пократки прсти. Оттука и посебното име.
„Баш како остатоците од стопалото на диносаурусот во Бургос се протегаат низ милиони години, така и талентот и успехот на Андрес Иниеста претставуваат фундаментален дел од историјата на шпанскиот и светски фудбал“, стои во соопштението на палеонтолозите.
Диносаурусот го нарекле по легендата на Барселона и репрезентацијата на Шпанија на која со златен гол и донесе триумф на Светско првенство 2010, и поради тоа што и двајцата имале “цврсто, елегантно и грациозно одење“.
А самиот Андрес Иниеста уште игра фудбал. На почетокот на месец мај годинава, тој првпат истрча на терен во 2021-ва година по паузата која што ја направи поради повреда на бутниот мускул. А после една недела, на 37. роденден го продолжил богатиот договор со јапонскиот клуб Висел Кобе на уште една година.
Иниеста е стандарден во Јапонија. Во саботата одиграл цел меч против Кашима Антлерс (победиле 1:0). Висел Кобе во моментов се бори при самиот врв во првенството на Јапонија и на првите три позиции се наоѓаа повеќе од пола сезона.