Додека фудбалерот на Келн се спремаше да изведува пенал, голманот на Аугзбург со копачката го поткопа местото на белата точка и потоа успеа да му го одбрани ударот на Антонио Модесто.
Од Келн испратија тужба за оштетениот терен од 123 евра, а Хиц беше искрен и отворен во изјавата.
„Кога видов што сум направил, сфатив дека тоа не сум јас. Нема да ми се повтори вакво нешто. Јас никогаш не сум одбранил пенал, па помислив дека е добро малку да го збунам тој што ќе шутира“, вели голманот на Аугзбург.
Објаснување имаше и од домаќините.
„Не се работи за пари. Едноставно една мала казна за Хиц не е на одмет. Оштетена ни е тревната подлога на тоа место и ќе треба да ја замениме со нова. Тоа чини 123 евра, пари кој ќе треба да ни ги плати голманот, а ние ќе ги донираме во детска болница“, изјави директорот на стадионот Ханс Рутен.