Ова што практично се гледа на фотографијата, а ќе го видите и на видео, на Јутјуб го објавија навивачите на Пелистер со следниов опис:
Обратете внимание на 6-та од Фк Охрид кој жалеше што фудбалерот на Пелистер не погоди... Чиста намештаљка од играчите на Фк Охрид. За 1-0 голманот бега од топката, а за 2-0 сите бегаат од топката. Срамота! Ало ФФМ и МВР превземете нешто против резилот.
Инаку се работи за пријателски натпревар меѓу Пелистер и Охрид одигран во Струга кој предизвика многу полемики, затоа што играчот на Охрид жив е фатен на видео како реагира разочарано што неговиот клуб го брани пеналот.
Ова е подготвителен меч пред продолжувањето на сезоната во која Пелистер ќе се бори за опстанок во првата лига, а Охрид е дел од втората лига Запад. Битолчани славеа 2:0, со голови кои паднаа во финишот во 88-та и 90-та минута.
Пеналот не успеа да го реализира напаѓачот Нето, кој добро што шутна во голот што треба, бидејќи на видеото ќе забележите два гола со двајца голмани. Каков параспур.
Чкембари Битола реагираа на Фејсбук дека веќе подолго време нешто “смрди“ во клубот
Навивачката група Чкембари веќе долго време е дистанцирана и не се меша во раководењето внатре во клубовите кој го носат...
Posted by Чкембари Битола / Ckembari Bitola on Saturday, January 30, 2021
А од Пелистер реплицираа со кусо соопштение: