Ако ја изгледавте лакрдијата во Кавадарци, префрлете се сега во Македонска Каменица на мечот Саса - Охрид Лихнидос, втора лига. На трибина настанува групна тепачка меѓу малкумина навивачи. Дел се пресметуваат со клоци и боксови, дел фаќаат сеир, еден влетува со факел, а полицијата ја нема.
Спортската среда не е само Лига на шампиони. Имаш и македонски Куп на пример и автогол кој може да му парира на оној на Бразилецот од Бенфика. Додуше овој беше понежен спрема својот голман, а оној на мечот против Баерн немаше осет.
„Без каква и да е причина го обележувам Илинден. Никому во семејството не му е слава, а за жал никој од Македонците не ни е род. Обавезно сум тажна затоа што деновите веќе подолго од месец се скратуваат, но тоа е веројатно само блед изговор за вистинска тага. Што тој ден не сум крај Св. Наум.“
Ништо повеќе не е јасно за тоа кај ни тера клупскиот фудбал. Односно јасно е како ден само сите се прават будали. Ај сега да повториме: Фудбалер на Охрид се фати за глава што Пелистер утна пенал.
Двајца Французи во 1972 прават филм за возот Ќирчо, кој во тоа време сообраќал три пати дневно од Охрид, еднаш со товар (главно дрва и жито) до Пресека за повеќе од три часа часа, а со патници до Кичево за 7 часа. Пред неколку години кога тој беше oткриен од нашите медиуми, тие се концентрираа токму на вовчето. Но тука има многу повеќе од тоа.
Откако по страшна битка со Федерер (цели пет часа) го освои својот петти трофеј на Вимблдон, српскиот тенисер одговори на едно новинарско прашање и пројави голема желба да дојде во Охрид.
За македонскиот ракомет од исклучителна важност е што некои центри како Охрид, Битола, Струга имаат свои претставници во најдобрата лига. Ракометот во овој дел од земјава секогаш бил спорт број 1, а доказ за тоа се и преполните сали кога се игра дербито Охрид - Струга.
Член на навивачката група Рибари се враќа од ракометен натпревар меѓу Охрид и Прилеп. Носи со себе прстен и другари - ултраси со бакљи кои му помагаат и му олеснуваат девојка му да не се премисли. Реално нема тука кај да бега. Чаршијата е во транс.
Марко Пејчиноски утрово во 10:30 часот влегол во Охридското езеро и за помалку од осум часа при не баш идеални услови поради силен северен ветер, направи херојски подвиг. Ја исплива делницата од Свети Наум до охридското пристаниште. Стотици сограѓани го пречекаа со долготраен аплауз јунакот кој има само 12 години.
По сензационалниот Ване Лесновски од Прилеп кој зема пола милион евра, сега чудесна вест стига од Охрид. 70-годишен играч погодил пет пара и тоа со страшни коефиценти над 20 па заработил 80.000 евра за влог од 20 денари.
Некаква прастара македонско-британска репортажа од 1972 година по повод "охридскиот" воз што проаѓа 60 километри за 3 часа, чиј главен лик е железничарот Петре, неговите филозофски дилеми и зенот и идилата што се вика живот во Охрид во 70-те.
Ако не знаете како изгледаат тренерски инструкции на сред натпревар во нашиот селски фудбал, ето го Киро од Охрид кој велит вака: Од Сиљановци викни го то будалата. Дејан да си ја врзиш ваму местово, местово.
Ај добар ден, ти праќам еден линк, видео што го иам напраено. Немат комерцијална позадина, само сакам да кажам дека Охрид е убав и наш, и да, евтино е ако знајш да уживаш.
Видео за тие што нуркаат под вода со затворени очи.
И док пљукамо семке ја и мое тате, дојдесмо до констатацију дека дека јавање магариња е нешто што га цела Европа спроведуе над нас године уназад... Ем не јавав, ем не ни давав да рикамо... А и да рикамо, џабе ни е... Никој нема време да не слуша под овој име што га носимо, јер Грчка салата уз сиратки и узо, боље клизи низ европски грла...