За Грција ќе се остриме на 10 пријателски

До почетокот на ЕП во Загреб, Македонија ќе има 10 силни проверки, од кои исклучителен ќе биде двомечот со Црвената фурија во Мадрид и Логроњес.

Најдобрите македонски кошаркари на 5-ти септември го започнуваат ЕП. Во групата Ц ќе отвориме против Грција, а противниците ќе ни бидат уште и домаќинот Хрватска, Словенија, Холандија и Грузија. Како увертира за петте средби на Европското, селекторот Џикиќ ќе има 10 пријателски натпревари на кои ќе ја бруси формата на репрезентацијата.
 
По турнирот во Охрид каде ќе играме против Украина и Израел, нашите кошаркари ги очекуваат сериозни проверки на турнирот во Литванија, каде ќе се пробаме со Хрватска, Литванија и Турција. Кулминација на подготовките ќе биде пријателскиот двомеч со Црвената фурија во Мадрид и Логроњо пред крајот на август.
 
Инаку новиот кондициски тренер на репрезентацијата, Џакомо Браида ќе се појави на стартот на подготовките на 25. јули во Охрид. Тој го засили стручниот штаб на препорака на Сандро Бенкартино, човекот кој ги спремаше нашите кошаркари кога завршија 4-ти во Европа. Селекторот Џикиќ најверојатно ќе остане без помошникот Емил Рајковиќ, кој има клупски обврски а неговото место ќе го завземе Алек Јончевски од МЗТ Скопје.
 
Пред точно еден месец, селекторот Џикиќ го објави поширокиот состав.

Џакомо Браида ќе биде новиот кондиционен тренер на Македонија

СИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ ДО ЕП:
 

Охрид (7-9 август)

Македонија – Украина

Македонија – Израел

Израел – Украина

Скопје (10 август)

Македонија – Израел

Каунас, Литванија (17-19 август)

Македонија – Хрватска

Македонија – Литванија

Македонија – Турција

Шпанија (22 и 25 август)

Македонија – Шпанија (Мадрид)

Македонија – Шпанија (Логроњес)

Рига, Летонија (29 и 30 август)

Македонија – Летонија

Македонија – Летонија (затворен тип)