Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ го препородува белградски Партизан кој до пред 2 недели се бореше за опстанок во АБА лигата, а синоќа ја врза третата победа по ред и тоа против најомразениот ривал 86-81. Дербито помина очекувано, со многу провокации и инциденти.