Кошарката во 2015-та

Прв Македонец во едно конференциско НБА финале, нова титула на МЗТ Скопје, славјето на Голден Стејт, бледиот настап на македонските кошаркари на ЕП и приведувањето на Антиќ во Њујорк беа главни кошаркарски вести кај нас од годината што изминува.

1Доминацијата на Атланта и Голден Стејт

Како помошник на големиот Грег Поповиќ, Баденхолцер научи многу, па знаењето го пренесе во Атланта, франшиза во која Перо Антиќ одигра одлична регуларна сезона. Хокси беа најпријатно изненадување во НБА, а со тоа и во светот на кошарката годинава. Во исто време Голден Стејт ја започна победничката серија која ги одведе до пехарот.

2. Сан Антонио по 18-ти пат по ред влезе во Плејофот

Пред финишот на регуларниот дел од НБА, Сан Антонио Спарс го чекираше пласманот во Плејофот и тоа 18-ти пат по ред. Во исто време Џејмс Харден постигна 51 поен на еден натпревар со што влезе на листата најдобри поентери на еден натпревар во НБА.

3. Прв Македонец во НБА плејофот и конференциското финале

Почетокот на плејофот во НБА, во кој за првпат се појави еден Македонец беше момент за одбележување на сезоната. Антиќ и Атланта во првата рунда од плејофот се сретнаа со Индијана. Хокси стигнаа до конференциското финале, каде загубија од Кливленд. Плејофот беше дел од анализата на Бошко кој пишуваше НБА пишуванки.

4. Проблемите на релација селектор Џиќиќ - МКФ

Во ситуација кога Македонија се подготвуваше за Европско првенство во кошарка, хармонијата во селекцијата се наруши со вербалните препукувања од страна на директорот на репрезентацијата Заре Марковски и тогашниот селектор Ѓикиќ. Офф.нет.мк прв ја слушна реакцијата на Џикиќ кој за проблемите со прст покажуваше кон Пеце Наумовски. МКФ реши да му врачи отказ на Џикиќ, на само 45 дена пред стартот на Евробаскетот во Загреб.

5. Перо Антиќ го приведоа во Њујорк

Во низата стандардни вести за учинокот на Антиќ и Атланта Хокс, на 8-ми април стигна веста за приведувањето на Македонецот во Њујорк. Во друштво на соиграчот Табо Сефолоша, Антиќ се најде во метеж пред ноќен клуб каде беше избоден кошаркар на Индијана. Перо беше приведен, па пуштен.

6. Реал Мадрид стана кошаркарски првак на Европа после 20 години

На домашен паркет, силни како никогаш во историјата, кошаркарите на Реал Мадрид во финалето го совладаа Олимпијакос 78-59. Тоа беше 9-та европска круна за Кралевите во сезоната која што ја одбележаа со повеќе од 25 победи во низа. Воедно во своја сала избраниците на Пабло Ласо стигнаа до трофејот кој цели 20 години му фалеше на Реал Мадрид.

7. Аеродром славеше нова титула на МЗТ

Со убедливи 3-0 во финалната серија, кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа Куманово и на тој начин ја освоија третата титула во клупската историја. По славјето, клубот го напушти речиси целата прва петорка и МЗТ сезонава игра со драстично изменет состав и во АБА лигата и во домашното првенство каде е главен фаворит за одбрана на трофејот.

8. Голден Стејт стана шампион во НБА

По страшната сезона во која немаа достоен ривал, Воините го совладаа Кливленд на Леброн во финалната серија со 4-2 во победи. Андре Игудала беше прогласен за МВП на финалето, додека Стефон Кари го доби признанието за играч на годината.

9. Перо Антиќ VS Пеце Наумовски

Пред стартот на ЕП во Загреб, првиот човек на федерацијата зборуваше за односот на некои репрезентативци кон дресот, а го спомена и Антиќ. На Перо не му требаше долго и возврати дека му требал одмор по напорната сезона во НБА. Двајцата се поткачија и неодамна кога Антиќ не се најде на ниту еден избор за кошаркар на годината, ниту за спортист на годината.

10. Крахот на Македонија на ЕП

Македонските репрезентативци не ги оправдаа очекувањата на јавноста дека може да одиграат слично сценарио како во Литванија. Во Загреб губевме од домаќинот Хрватска, од Грузија, од Грција и од Словенија. Со четири порази на пет натпревари (победена само Холандија), македонските кошаркари предводени од Марјан Србиновски се вратија со спуштени глави во земјава. Причините за крахот најдобро ги долови Таки.

11. Шпанија стигна до златото на ЕП

Црвената фурија по трет пат стигна до европскиот врв, откако во финалето убедливо ја порази Литванија. Гасол (35) уфрли 25 поени и заслужено го понесе епитетот МВП на првенството.

12. Антиќ прозборе за расизмот во САД

Во улога на кошаркар на Фенербахче, Перо прозборе за приведувањето во Њујорк. Пред хрватските новинари во Задар, каде гостуваше со турскиот тим, Антиќ отворено зборуваше за расизмот кој на големо е распространет во САД.

13. Тренерската вртелешка во МЗТ Скопје

Македонскиот претставник во АБА лигата во 2015-та година реши да не ја повтори грешката од 2014-та кога смени дури 6 тренери. Еден по еден во Аеродром доаѓаа и си заминуваа Влада Вукоичиќ, Зоран Мартиќ, Змаго Сагадин, Врбица Стефанов и Боби Митев и Алек Јончевски кој во моментов ги води Штрковите по заминувањето на Алеш Пипан.

14. Коби Брајант одлучи да се повлече од кошарката

Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА, Коби Брајант објави дека по завршувањето на тековната сезона ќе се повлече од активното играње. Тоа ги растажи навивачите на ЛА Лејкерс, кој и онака минува низ најлошиот период во клупската историја. Коби во меѓувреме убедливо води во изборот на кошаркари за Ол Старот.