ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС - КЛИВЛЕНД 105:97
Победата на Воините е уште поголема ако се знае дека ја остварија на гостински паркет. Голден Стјет во првиот период стекна двоцифрена предност која што ја одржуваа до крајот кога имаа и +15 поени. Со серија 7-0 Кливленд се врати во живот, но Игудала и Кари со по две тројки го решија мечот.
Играч на мечот и МВП на целата серија беше токму Андре Игудала, кој одличната финална серија ја зачини со 25 поени и по 5 скокови и асистенции. На тој начин Игудала стана првиот МВП играч на едно финале што ниту еднаш не бил стартер во регуларниот дел од сезоната. Фантастичен беше и Дрејмнод Грин кој оствари трипл-дабл учинок со 16 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Кари постигна 25 поени, од кои две тројки во финишот, а имаше уште 8 асистенции и 6 скокови.
Кај Кавси, Леброн Џејмс беше речиси осамен во борбата со Вориорс. Џејмс го заврши мечот со 32 поени, 17 скокови и 9 асистенции. Голема поддршка Леброн имаше од Мозгов, кој уфрли 17 поени со 12 скокови и Тристан Томас кој даде 15 поени и 13 скокови. Џеј-Ар Смит постигна 19 поени.
Со победата, Голден Стејт само го круниса сето она што го направи во регуларниот дел од сезоната кога беше убедливо најуспешниот тим. Воините имаа учинок од 82 победи и само 20 порази и станаа третата најуспешна франшиза во историјата после Чикаго Булс во сезоната 1995/1996 и во сезоната 1996/1997.
Инаку тренерот на Голден Стејт, Стив Кер беше член на двата тима на Чикаго од златната ера на Булси и стана четвртиот тренер во историјата кој го освоил НБА прстенот откако го освоил и како играч. Другите тројца се легендите на Селтик, Бил Расел, Том Хеинсон и К.Ц. Џоунс. Кер е единствен од нив тројца што ја освои титулата во својата прва сезона како тренер.
„Сите зборуваат за Кари, Томпсон, Игудала, Грин како поединци и за сè што направија во нападот годинава. Но мислам дека луѓето забораваат на фактот дека ја игравме најдобрата одбрана во лигата. Значи, ние сме екипа, така се станува шампион", изјави Стив Кер.
Трипл-даблот на Драјмонд Грин:
Вориорс го кренаа пехарот:
ТОП5 потези на финалето:
Стеф Кари со трофејот:
Леброн не можеше сè сам: