Таг: стеф кари

Магија на Стеф Кари од скоро пола терен

Не постојат повеќе објаснувања за овие луди, па и нелогични тројки на Стефон Кари кој гаѓа од кај што ќе стигне и посака. Голден Стејт Вориорс го совлада Бруклин Нетс со 121:119, а Кари го заврши мечот со 40 поени, 4 скока и 4 асистенции. Погледнете го што направи и тоа од кај логото. Не е нормален.

Првиот Ол Стар на Кари е 1994-та

Се работи за Ол Стар на кој Стеф има 6 години и е во улога на гледач на татко му Дел Кари, кој се натпреварува во тројки. Дотераниот господин до него е легендарниот центар Алонзо Морнинг. Телефонот модерен како за тоа време.

Денот на Кари - 27 февруари

Админите во НБА има енормно широка палета на статистички податоци, па дури и често пати знаат да забегаат во разно разни бројки. Пазете ги овој пат какви податоци извадија за Стеф Кари, поврзани за еден датум, само во различна година.

Експлозија на Стеф Кари со 56 поени и 12 тројки

Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени од Стеф Кари за кого ова е натпревар број 14 со 50+ поени. Се израмни со Леброн Џејмс и Рик Бери. Дури девет вакви натпревари има откако наполни 30 години.

Кари се намести да го чува Јокиќ и ене го уште ја бара топката

Голден Стејтс - Денвер Нагетс 115:113. Остануваат уште 90 секунди до крај. Јокиќ оди во напад, а јадниот Кари застанал до него. Се изгуби целосно и Стеф, а и тој зад него. Циркузи. Конечен резултат? 119:115 за Денвер. 38 поени, 10 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки на Србинот.

На трибини да го качиш Кари ќе даде кош

Ноќеска на Клиперси им фукна 50 поени, а рекордот му е 62 против Портланд пред две години. Дефинитивно еден од најјаките шутери во историјата на НБА, ако не и најјак. Не е нормален.

Стеф Кари лабаво се загрева од пола терен

Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.

А поенот на Кари го видовте?

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт во триумф против Сан Антонио со 23 поени разлика. Постигна 32 коша, а во еден момент ги збуни сите со магија под кош. Ова личеше дека ќе биде додавање, но...

Четири НБА поенти од викендов за четворица мајстори

Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.

Никој никогаш како Стеф Кари - 105 тројки по ред за 5 минути

Иако некогашниот НБА хегемон во минатата и новава сезона изгледа растурен (два убедливи порази на старт од Милвоки и Бруклин), навивачите на овој клуб ги радува добрата форма на најголемата ѕвезда Стеф Кари. Некогашниот МВП во лигата на еден тренинг на Вориорс постигнал 105 тројки по ред од исто место за 5 минути.

Докторот се врати после 4 месеци и покажа дека е класа

После долго отсуство поради повреда, Стеф Кари облече дрес и демонстрираше зошто неколку пати го бираа за најдобар играч во целата лига.

Торонто е шампион, Канада слави историски успех

Кошаркарите на Торонто Репторс славеа над Голден Стејт во шестиот меч од финалето на НБА и заслужено се шампиони, првпат во историјата.

Торонто и Канада не памтат ваква еуфорија, Репторс водат во финалето на НБА

Спротивно на сите предвидувања и очекувања, Торонто го совлада Голден Стејт 118:109 и „фрли шкорче во бензинот“ на финалето на НБА. Икс-фактор на мечот беше Паскал Сиакам кој сам ги доби Вориорси.

Стево што стори бе Стево?

Најлошата акција од контра во кариерата на Стеф Кари кој излезе сам под кош веројатно е оваа. Плус тука имаш две во едно. Значи две брукања изеде синоќа против Лејкерси.

Искрена детска реакција кога го виде Стеф Кари

Во претходните неколку вечери во НБА се одигра новогодишното коло. Шампионот Голден Стејт играше против Феникс Санс а на едно дете му се остварила новогодишната желба уште првиот ден.

Голден Стејт владее со НБА лигата - Вориорси ја одбранија титулата

Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа шампионскиот пехар во своите витрини откако го сомлеа Кливленд со 4-0 во финалето на Плејофот. Кевин Дурент повторно е МВП.

Кари се изнадава тројки за рекорд и втор триумф на Вориорс

Помалку очекувано, по болниот пораз во првиот меч кога можеа да направат брејк на гости, кошаркарите на Кливленд загубија од Голден Стејт на вториот натпревар од големото финале: 122-103.

Што се случуваше на НБА Ол Старот

Во новиот формат на мечот на сите ѕвезди, тимот на Леброн го победи тимот на Стеф со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Статистиката во шутот за три поени зборува доволно за циркусот од кошарка синоќа: Team Stephen 17/65 Team Lebron 19/58.

Кари даде 45 поени за 30 минути

Голден Стејт триумфираше над ЛА Клиперс со одлична игра на Стеф Кари кој за 30 минути постигна неверојатни 45 поени (8 тројки).

Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

А ми викаа дека сум бил мал

Роден пред 29 години во Акрон, Охајо, трнирал во средното школо Шарлот Христијан па подоцна и на колеџот Дејвидсон. Секаде му викале дека е мал и дека не го бидува додека Голден Стејт не се реши да го земе како 7. пик на драфтот во 2009. година.

Поп за претседател на САД

Стив Кер и Стеф Кари, творците на шампионскиот Голден Стејт сметаат дека најхаризматичниот тренер во НБА одлично би ја водел Америка.

Почнува НБА шоуто, што треба да знаеме за новата сезона

Изминатото лето беше едно од најтурбулентните во НБА во последните неколку децении. Не само тимовите, туку и лигата доживеа големи промени.

Руските голмани тренираат со наочари за сонце

Репрезентативците на Русија деновиве се спремаат за пријателските со Јужна Кореа и Иран а за време на тренинзите голманите бранат со темни наочари за сонце. Зошто?