Експлозија на Стеф Кари со 56 поени и 12 тројки

Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени од Стеф Кари за кого ова е натпревар број 14 со 50+ поени. Се израмни со Леброн Џејмс и Рик Бери. Дури девет вакви натпревари има откако наполни 30 години.

Кари го заврши натпреварот со 12 тројки од 19 обиди и ова е негов 26 натпревар со минимум 10 постигнати тројки, поставувајќи рекорд во лигата.

Шутираше 16/25 од поле и ги постигна сите 12 поени од линијата за слободни фрлања.

На крајот од првото полувреме погоди тројка од половина терен, а во третата четвртина постигна 22 поени, еден повеќе од целиот тим на Орландо. 

Најрасположен беше во третата четвртина во која постигна 25 поени.

Рекордот во кариера од 62 поени го оствари пред четири години против Портланд. 

28 февруари 2025 - 09:06