По неверојатната глупост што ја направи Џеј-Ар Смит на првиот дуел, овојпат „воините“ многу полесно се справија со Леброн и другарите и ќе летаат во Охајо со убедливи 2-0.
Уште од стартот Голден Стејт стави до знаење дека е решен да удри печат на втората победа во финалето па водеа цело време. Кавалирс само неколку пати успеа да ја стопи предноста на домаќинот но тогаш Стеф Кари стави во петта брзина и работата беше готово.
synchronized celebrating pic.twitter.com/J2e8EhLB07
— Whitney Medworth (@its_whitney) June 4, 2018
Токму Кари со 33 поени, седум скокови и осум асистенции беше играч на натпреварот а особено поради фактот што го сруши рекордот во едно финале на Реј Ален - даде 9 тројки (од 17 обиди) на еден натпревар во финалната серија.
Кевин Дурент реализираше 26 поени, девет скокови и седум асистенции а вториот од „Клеш браќата“ Клеј Томпсон запиша 20 поени.
Леброн, кој цела сезона ги носи на грб соиграчите, овојпат беше видно изморен но и покрај тоа даде 29 поени, а имаше 12 асистенции и 10 скока. После ваквиот учинок „кралот“ го надмина Карим Абдул Џабар на вечната листа во НБА финалињата со 1.327 поени. За сега таму неприкосновен е Џери Вест со 1.679 поени.
Единствена помош Леброн имаше од Кевин Лав кој даде 15 поени.
New year, same face 😂 pic.twitter.com/qC4jXBKqRB
— SportsCenter (@SportsCenter) June 4, 2018
Дека не се играчи за финале уште еднаш покажаа Џеј Ар Смити со мизерни 5 поени (шут 2/9 од игра), Џеф Грин со 6 поени (2/7 од игра) и Џордан Кларксон (2 поени, 1/4 од игра).
Серијата сега се сели во Охајо каде ќе се одиграат уште најмалку два дуели. Следниот меч е на програмата во ноќта меѓу среда и четврток.