Двократниот МВП на НБА и трикратен шампион, Стефен Кари не играше кошарка повеќе од 4 месеци. Во октомври лани доживеа тешка скршеница на раката и се помири со фактот дека го чека долга пауза. Му предвидуваа и крај на сезоната а Кари и клубот беа спремни за таков епилог.
Но некаде на почеток на годинава 1 март се спомнуваше како ориентир за можно враќање, но истото го одложија на неколку дена, па Кари се врати на домашниот меч, реприза на финалето на НБА од 2019, Голден Стејт Вориорс - Торонто.
Веќе е познато дека „воините“ се на самото дно на НБА после сите повреди и неволји кои ги доживеа лани. Во стартната петорка им е на пример Хуан Тоскано-Андерсон кој пред две недели го земале од Развојната лига.
Од друга страна, Репторси скоро и да не го почуствуваа заминувањето на нивниот најдобар играч Кавај Ленард во ЛА Клиперс и продолжија да бидат сериозен фаворит на Истокот.
five in a row 💦 pic.twitter.com/MXxDUSE7AA
— Golden State Warriors (@warriors) March 6, 2020
Like he never left. Steph warmups officially back 🙏
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 6, 2020
(via @NBCSWarriors)pic.twitter.com/p6mrJsNNwU
Голден Стејт на мечот против Торонто излезе на паркетот со ретро опрема „Сан Франциско Вориорс“, а Кари одново правеше шоу на загревањето.
А потоа за 27 минути на паркетот Стеф Кари уфрли 23 поени со по 7 скока и асистенции. На крајот неговите Вориорс изгубија 121-113, но хајлајт на вечерта беше неговото враќање на терен.
Didn't take long for Steph to knock off the rust 🔥 pic.twitter.com/LXC8JP2wup
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 6, 2020
Интересно, од другата страна, по којзнае кој пат сезонава некој нов јунак. Овојпат бекот Норман Пауел го обнови личниот рекорд: 37 поени.
Торонто со овој триумф стана втората франшиза која обезбеди учество во плејофот.
Вориорс сигурно нема да игра во плејофот. Во моментов имаат учинок 14-49 и сега не би ги спасил ни минатогодишниот состав. Целта за преостанатиот дел од сезоната им е да го вратат Кари во добра кондиција, да го интегрираат Ендрју Вигинс во системот и да видат кој ќе им треба следната година заедно со првиот пик на драфтот.