Никој никогаш како Стеф Кари - 105 тројки по ред за 5 минути

Иако некогашниот НБА хегемон во минатата и новава сезона изгледа растурен (два убедливи порази на старт од Милвоки и Бруклин), навивачите на овој клуб ги радува добрата форма на најголемата ѕвезда Стеф Кари. Некогашниот МВП во лигата на еден тренинг на Вориорс постигнал 105 тројки по ред од исто место за 5 минути.

„Лудост. Најверојатно постави светски рекорд. Ако Гинисовата книга на рекорди уште постои, овој рекорд мора да се најде таму“, изјавил тренерот Стив Кер.

Во Гинисовата книга на рекорди е влезен рекордот на 31 постигната тројка за една минута (Кари дал 20 за 1 минута).

 

27 декември 2020 - 10:13