Четири НБА поенти од викендов за четворица мајстори

Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.

-50 поени, 12 асистенции, 8 скока и 3 блокади за Јокиќ. Последниот центар со учинок од најмалку 50 поени и 10 асистенции е Карим Абдул Џабар пред 46 години. Никола после мечот: „Мислам дека не играв до толку добро“.

-Две тројки на Леброн во второто продолженија го решија мечот против Детроит. Шутира со 41% од позицијата за 3 поени, што е најдобар негов процент во кариерата. Штом на 36 години успеа да направи ваков напредок, тогаш на 52 ќе се кандидира за најдобар шести играч во одбрана.

-Се сретнаа Стеф Кари и Лука Дончиќ. Првиот го заврши мечот со 57 поени со 11 тројки, а вториот со 42 поени, 11 асистенции, 7 скока и победа. Ваков дуел немало од времето на Кенширо и Раул.

Бонус:

-Во моментов Спарси се петти на Западната конференција. Ако ја задржат оваа позиција до крајот на регуларниот дел од сезоната, Грег Поповиќ ќе добие награда за тренер на годината, Нобелова по медицина и Греми награда.

8 февруари 2021 - 14:35