Торонто и Канада не памтат ваква еуфорија, Репторс водат во финалето на НБА

Спротивно на сите предвидувања и очекувања, Торонто го совлада Голден Стејт 118:109 и „фрли шкорче во бензинот“ на финалето на НБА. Икс-фактор на мечот беше Паскал Сиакам кој сам ги доби Вориорси.

Не само Торонто, тука дојде време цела Канада да е на нозе поради спортскиот настан број 1 во земјата - историското прво финале на НБА за Репторси.

Иако бројот на населението во Канада е само една десетина од она во САД (по глава на жители Канада е помала од Калифорнија). Торонто е трет град по население во Северна Америка (ако не се сметаат Мексиканските градови) и е зад Њујорк и Лос Анџелес.

И покрај големата важност на Торонто за Северна Америка, на спортски план овој град нема некои важни достигнувања во последните пар децении.

Последната титула од Лигата на Големата четворка (американски фудбал, кошарка, бејзбол и хокеј) екипа од Торонто ја освоила во далечната 1993 година, кога Торонто Блу Џејс станал шампион во МЛБ.

Од тогаш до денес клубот два пати стигнал до плејофот и толку. Во другите спортови Канада нема големи успеси. Да, Репторси стигнуваат до плејофот на НБА во последните неколку години но никогаш не стасале подалеку од финале на конференција.

Дури и во 2016-та година (првото конференциско финале во историјата), немаа шанси против Кливленд на Леброн.

Хокеарскиот клуб Мејпл Лифс веќе 51 година не може да се пробие до финалето на Стенли Купот (најдолга серија на еден клуб да не се пласира во финале).

Триумфот на Блу Џејс во Светската серија 1993 година станала последна титула за цела Канада. Во таа ’93-та за последен пат еден канадски клуб го освоил Стенли Купот (Монтреал Канадиенс). Од тогаш до денес само 5 канадски екипи стигнале до финалето на хокеарскиот Стенли Куп.

А хокејот е, знаеме, државен спорт број 1 во Канада и повеќето играчи во НХЛ се Канаѓани.

****

Канада од 90-те години па наваму изгуби два клуба во професионалните лиги: Гризлис (кошарка) се преселија од Ванкувер во Мемфис во 2001 година, а Експос (бејзбол) го напуштија Монреал и заминаа во Вашингтон во 2004-та година.

Во таква ситуација, Торонто остана единствен град во Канада со професионален спортски клуб а да не е хокеарски. Од таа причина се сплоти не само Торонто, туку и цела Канада.

Важен факт е што Репторс го соединија цел град кој како и Канада се прослави со мултикултуралното население. Во Торонто речиси 50% од населението се имигранти. На скоро половина од населението англискиот не им е мајчин јазик. Исто не е тајна дека децата на „новите Канаѓани“, како што ги викаат, ги интересира само хокеј, не и баскет.

Светската јавност, во најголем дел европската во прв план постојано го има спортот во САД, па оној канадскиот е во сенка. Благодарение на Торонто, сега Канада е на насловните страни на многу светски листови. Жителите на Торонто освен титулата, сакаат да му покажат на светот дека и нивниот град е жив, гостопримлив и дека не е ништо послаб од јужните соседи.

ПРВО ПА МАШКО

На големо изненадување, Торонто Репторс го совлада апсолутниот владетел во НБА Голден Стејт во првиот меч од финалната серија.

Пред околу 20.000 гледачи во Scotiabank Arena (попозната како Air Canada Centre), Репторси ги разбија Вориорси со 118:109. Играч на мечот беше Паскал Сиакам (32 поени + 8 скока). Најсериозниот кандидат за МВП сезонава, Кавај Ленард даде 23 коша со 8 скока, Марк Гасол имаше 20 поени со 7 скока, Дени Грин 11 поени, а Лаури 7 поени со 9 асистенции.

Партијата на Сиакам е за паметење:

Интересно, најгласен навивач на Репторси е светски познатиот рапер Дрејк којшто од првиот ред долу на паркетот го прославува секој поен на Торонто, а неретко им префрла на противничките играчи поради што раководството на НБА веќе реагирало кај франшизата.

Синоќа Дрејк, пазете ова, облечен во дресот на Дел Кари, татко му на Стеф Кари, којшто на времето играл за Репторс, се спречка со лидерот на Голден Стејт. Во еден момент Дрејк и Кари имаа вербална закачка а раперот проба да му скине влакно од косата на Кари, па подоцна на својот Инстаграм профил објави видео со натпис: „Влакно од косата на Стеф Кари на продажба на мојот И-беј. јузернејм: ДрајмондДаНеНоси23.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Steph Curry hair lint for sale on my eBay right now!!! username: DraymondShouldntWear23

A post shared by champagnepapi (@champagnepapi) on

Следниот меч се игра во ноќта меѓу недела и понеделник, во 2 часот после полноќ а домаќин одново ќе биде Торонто.