Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

Големо изненадување во гласањето за претстојниот Ол-Стар: На првото место ги нема таму веќе видените Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент или Џејмс Харден. Што е уште поинтересно број еден во моментов според гласовите не е ниту Американец, туку грчки Нигериец или нигериски Грк како сакате: Јанис Адетокумбо.

После 12 дена гласање, Гркот е најбиран со 863.416 гласа, речиси 7.500 повеќе од еден Леброн Џејмс и дури 50.000 повеќе од Кајри Ирвинг, 100.000 гласови повеќе од Дурент и 130.000 повеќе од Стеф Кари, сите пет го комплетираат Топ5 на гласањето.

Јанис е изненадување само за оние кои нередовно ја следат НБА. Тој можеби не е познат на голем дел од јавноста, неговите Милвоки Бакс никогаш не го поминале првото коло од плејофот и ретко ги даваат во преносите, но Јанис игра во животна форма. Тоа го признаваат и Леброн и Стефон Кари.

За гласање останаа уште десет дена и тоа може да го направите со клик на овој линк тука.

Адеокумбо има 23 години и во моментов е втор стрелец во НБА со 29 поени во просек и е во Топ20 во категоријата блокади, скокови и украдени топки.

За потсетување, новиот систем на Ол-Стар мечот нема да биде веќе поделен на Исток и Запад, туку играчите кои ќе добијат најмногу гласови од двете конференции (во моментов Адетокумбо и Дурент) ќе бидат капитени на двете измешани екипи кои ќе бидат избрани од навивачите, играчите, тренерите и новинарите.

Уште не е познато дали избраните играчи ќе бидат јавно претставени од Јанис и КД или ќе останат тајна што е поверојатна опција.

Во меѓувреме еве ги Топ10 играчите кои се најгласани во моментов:

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
Frontcourt

1. Јанис Адетокумбо (Милвоки) 863.416
2. ЛеБрон Џејмс (Кливленд) 856.080
3. Џоел Ембид (Филаделфија) 433.161
4. Кристапс Порзингас 359.459
5. Кевин Лав (Кливленд) 221.969
6. Ал Хорфорд (Бостон) 120.016
7. Џејсон Татум (Бостон) 98.586
8. Андре Драмонд (Детроит) 85.374
9. Енес Кантер (Њујорк Никс) 83.102
10. Двајт Хауард (Шарлот) 57.730

Бекови:

1. Кајри Ирвинг (Бостон) 802.834
2. ДеМар ДеРозан (Торонто) 259.368
3. Виктор Оладипо (Индијана) 251.886
4. Бен Симонс (Филаделфија) 210.085
5. Џон Вол (Вашингтон) 175.990
6. Двејн Вејд (Кливленд) 165.163
7. Ајзеа Томас (Кливленд) 87.680
8. Кајл Лоури (Торонто) 85.070
9. Бредли Биал (Вашингтон) 71.079
10. Џајлен Браун (Бостон) 51.562

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
Frontcourt

1. Кевин Дурент (Голден Стејт) 767.402
2. Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) 393.000
3. ДеМаркус Казнс (Њу Орлеанс) 356.340
4. Драјмон Грин (Голден Стејт) 325.612
5. Пол Џорџ (Оклахома Сити) 291.495

6. Кавај Ленард (Сан Антонио) 212.650
7. Кармело Ентони (Оклахома Сити) 194.239
8. Карл-Ентони Томас (Минесота) 188.240
9. Кајли Кузма (Лејкерс) 184.338
10. ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио) 153.599

Бекови

1. Стефон Кари (Голден Стејт) 735.115
2. Џејмс Харден (Хјустон) 602.040
3. Расел Вестбрук (Оклахома Сити) 438.469
4. Клеј Томпсон (Голден Стејт) 359.442
5. Ману Џинобили (Сан Антонио Спарс) 231.460
6. Крис Пол (Хјустон) 174.343
7. Дамјан Лилард (Портланд) 148.622
8. Лоренцо Бол (ЛА Лејкерс) 120.817
9. Девин Букер (Феникс Санс) 91.562
10. Џими Батлер (Минесота) 88.009