Руските голмани тренираат со наочари за сонце

Репрезентативците на Русија деновиве се спремаат за пријателските со Јужна Кореа и Иран а за време на тренинзите голманите бранат со темни наочари за сонце. Зошто?

Овие наочари кои Акинфеев и другите тројца голмани ги носат се стробоскопски а нив стручниот штаб ги набавил уште пред пролетта пред Купот на Конфедерации.

ШТО СО НИВ?

Овие стробоскопски очила имаат неколку режими. На пример, можат да го замаглат видот при движењето на топката додека лета кон нив. Можат да произведат краткотраен ослепувачки ефект или пак да ви го блокираат погледот во одреден момент па да знаете да се носите во таква ситуација.

Сето ова ја подобрува островидливоста и моторичката координација на голманите. Овој режим се јавува при силните и брзи шутеви. Овие очила ги користат и голманите на репрезентацијата на Швајцарија и неколку НБА играчи меѓу кои и суперѕвездите Стеф Кари и Кавај Ленард.

ДАЛИ РЕАЛНО ПОМАГААТ?

Голманот на Локомотив Москва, Бразилецот со руски пасош којшто брани за Русија, Гиљерме после тренингот со овие наочари рекол дека тие му ја подобруваат концентрацијата. Каков е прогресот на играчите после овие тренинзи уште не е познато. Цената на овие очила изнесува од 300 до 500 долари.