Антиќ ќе се чува со Леброн, Атланта оди на Кливленд во финалето на Истокот

Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс одат во конференциските финалња. Во натпреварот број 6, Воините го совладаа Мемфис, а ќе се памети шутот на Стеф Кари.

ВАШИНГТОН ВИЗАРДС - АТЛАНТА ХОКС 91:94 (2-4)

Атланта Хокс е во финалето. Иако Пол Пирс погоди тројка за продолжение, после прегледувањето на снимката се утврди дека времето истекло и славјето на Јастребите можеше да започне. Ова е прво финале за Хокси од кога Плејофот се игра во ваков формат, во последните 45 години. Никогаш од 1969. година не добиле две плејоф серии, па дури ни во времето на Доминик Вилкинс. Атланта има една титула во НБА од крајот на '50-те години, но тогаш играа во Сент Луис.

Најзаслужен за првото конференциско финале во историјата на франшизата од Џорџија е ДеМар Керол со 25 поени (6/9 за два и 3/6 за три) и 10 скокови. Пол Милсап и Џеф Тиг уфрлија по 20 поени, а Ал Хорфорд 13 поени и 7 скока. Перо Антиќ за 5 минути имаше само 3 скока без поени.
 
Бредли Бил беше водечки стрелец кај Вашингтон Визардс, но ниту неговите 29 поени не беа доволни за победа и мајсторка. Џон Вол одигра маестрално со бандажирана дланка и даде 20 поени со 6 скокови и дури 13 асистенции.
 
Хајлајтс од мечот:
 
ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС - МЕМФИС ГРИЗЛИС 108:95

Тимот од Оукленд ја оствари и третата победа по ред против Мемфис Гризлис и со вкупен резултат 4:2 се пласираше во финалето на Западот. Стеф Кари постигна 32 поени со 10 асистенции и шест скокови и е најзаслужен за првото финале за Голден Стејт по 1969. година. Кари голема поддршка имаше и од Клеј Томпсон кој уфрли 20 поени со 8 скокови и 3 асистенции.
 
Кај Гризлис Марк Гасол беше најрасположен со 21 поен, 4 асистенции и 5 блокади. Фантастичен натпревар одигра и Винс Картер кој уфрли 16 поени и по 3 скока и асистенции.
 
Стефон Кари даде неверојатен кош од својата половина: