
Мадриѓаните ја стекнаа клучната предност на почетокот на последната четвртина со серијата на Џеј-Си Керол кој уфрли 11 поени во финишот. Во првото полувреме се водеше израмнета борба, а Грците го затворија првиот период со водство од 19:15.
Во вториот квартал и двата тима играа одлична одбрана, а Реал беше поуспешен од слободните фрлања во кои потфрли Олимпијакос и Кралевите заслужено стекнаа предност од седум поени на полувремето, 35:28.
Блауграна го реши мечот во своја корист на средината од последниот период, кога предводени од Ночиони и Љуљ се врати на двоцифрена предност и до крајот само ја зголеми позитивата до максимални 16 поени.
Потполно потфрли јунакот на Олимпијакос од полуфиналето, Василис Спанулис кој даде само 3 поени (0/4 во обидите за три поени), имаше 3 асистенции но и 4 загубени топки.
Во дуелот за третото место, ЦСКА го совлада Фенербахче 86:80. Следната сезона, домаќин на Фајнал форот ќе биде Берлин, каде годинава се игра финалето од фудбалската ЛШ.