Според весникот Антиќ и Сефолоша одбиле да се тргнат на страна кога полицијата се обидела да го огради местото на инцидентот. По ова тие се приведени заради давање отпор.
Инцидентот започнал кога 22-годишно момче со нож го прободел Коупленд (31) и неговата 28-годишна сопруга Кетрин Салтара. Коупленд минатата сезона играше за Никси. Спроед извештајот настрадала и една 53-годишната жена. Коупленд е во Њујорк, каде неговата екипа треба да игра против Никс, а Атланта Хокс по триумфот над Феникс веднаш отпатувала во Њујорк каде доцна вечерва игра против Бруклин.
Како што пренесуваат медиумите од САД, целиот метеж настанал по расправијата на напаѓачот со 53-годишната Кетрин Сомани. Не е јасно дали повредените Крис Коупленд и неговата сопруга ја познавале Сомани и дали Антиќ и Сефолоша биле излезени заедно со тимот.
Атланта Хокс доцна вечерва игра против Бруклин Нетс и прашање е дали Антиќ и Сефолоша ќе бидат во составот на Јастребите за ова гостување.
Крис Коупленд во сезоната 2012-2013 како руки одигра 56 натпревари за Никс. Во јули 2013. година потпиша 2-годишен договор со Индијана Пејсерс како слободен агент.