Таг: македонска кошаркарска репрезентација

Македонија ги доби противниците за евроквалификациите во кошарка

На ждрепката во Минхен, македонската кошаркарска репрезентација доби познати противници и се најде во квалификациската група Х.

Мекиќ од паркинг со звукот на сирената

Гевгеличани им приредија пеколна атмосфера на Данците, а освен Американецот Ти Џеј Шортс, публиката ја запали и Адем Мекиќ од МЗТ кој погоди луда и дрска тројка во стилот на Стефон Кари.

Клучните поени на Американецот Ти-Џеј Шортс за триумф на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и четвртата победа во претквалификациите за ЕП 2025 откако во драматичен финиш во салата „26 Април“ во Гевгелија, славеше над Данска со 74:71 после продолженија. Блесок на Американецот Ти Џеј Шортс кој го реши мечот со 5 слободни фрлања во финишот и запиша 33 коша и 6 асистенции.

Документарецот „Леле луѓе што направивме“ оди на Светско првенство во Милано

Најголемиот спортски репрезентативен успех на Македонија, преточен во документарен филм ќе се прикажува на меѓународна сцена, каде продефилирале ликови како Кројф, Шевченко, Барези, Канаваро, Тајсон...

Нова атрактивна тројка на Нено, Македонија од -11 до триумф над Словачка

Само три дена откако погоди од паркинг и ја замолкна Данска, Ненад Димитријевиќ одново воодушеви со шут за тројка од тешка позиција, а во финишот погоди уште една со која го отпиша противникот.

Убаво е да се види ваква дрска игра под кош на наше дете

Храброто момче се вика Метин Саити, член на Македонија У-18, кој на мечот против Црна Гора го залепи на постер својот чувар, за овации на публиката.

Епскиот успех од Литванија 2011 се преточи во документарец

Во септември годинава се одбележаа 10 години од најголемиот кошаркарски успех на македонската репрезентација. Јубилеј кој вреди да се одбележи на посебен начин и да биде потсетник на делириумот во кој не фрлија Перо, Бо Мекејлеб, Тоше, Владо, браќата и цела таа славна банда на Марин. Спремајте се за премиера викендов, следува детоксикација од политика и корона, рече тогашниот прв човек на КФМ на промоцијата, Даниел Димевски.

10 години од „Леле што направивме“

Најлудачката и најлегендарната тројка во историјата на македонската кошарка бележи 10 години од постоењето. Ја постигна Владо Илиевски на ЕП 2011 и тоа против домаќинот Литванија на 11 секунди до крај. Цел живот ќе не ежи. 

Бајиќ до кошаркарите: Немате памет за овој спорт

Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во квалификациите за Светското 2023-та, но со неочекуван пораз од Словачка од 72:88, кој ако изнесуваше 28 разлика, ќе извисеа. Селекторот Драган Бајиќ беше бесен на тајм аутите поради лошата игра, особено во одбрана и им се истури на играчите.

Кошаркарски дебакл на Македонија од 66 поени разлика

Од Олимписките игри во Токио, за момент се селиме во Софија. А таму, што да видиме.

Македонија без сила за подвиг, Естонија оди на Евро 2022

Македонската кошаркарска репрезентација со кош во последна секунда успеа да ја совлада Естонија 86:84, но недоволно за да ги надомести оние -9 колку што изгубивме лани во Скопје, така што Естонците ќе патуваат на континенталниот собир.

Лудата тројка на Нено од пола терен и цепелинот на Бајли

Македонската кошаркарска репрезентација направи сензационален пресврт против Италија и ја совлада со 87:78 со што остана во игра за пласман на ЕП. Ги издвојуваме тројката на Ненад Димитријевиќ и цепелинот до Американецот Бајли. Браво момци.

Атрактивен цепелин на Македонија во режија на Војдан и Вајли

Кај играме одлично против Италија и водиме на полувреме со 43:41, па уште и ги дробиме под кош. Потегот број 1 го има Џејкоб Вајли кој ја заби ѕверски на асистенција на капитенот Војдан Стојановски.

Кога Македонија играше полуфинале против Шпанија на Гасол и Наваро

И скоро цели 9 години подоцна уште звучи надреално. Македонската кошаркарска репрезентација ги мелеше сите ривали на Европско првенство 2011 во Литванија и стигна до полуфиналето каде се судри со идниот европски првак Шпанија.

Кога Македонија ја газеше Грција на Европското во кошарка

Голема затоа што беше на Европско, неочекувана затоа што нив ги сметаа за фаворити, важна затоа што ни ги отвори вратите кон втора рунда и најслатка затоа што беше против Грција. Борче Мекејлеб ги потепа.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Тројката на Владо не излегува од глава

Во денови кога репрезентативната кошарка ни е на претквалификациски патеки, убаво е човек да се потсети на денов кој се покажа дека сме можеле и можеме мноооогу повеќе од ова сега.

Хрватскиот талент кој поради баба му ќе игра за Македонија

Хрватската јавност е зачудена што 14-годишниот Кршеван Кларица реши да го носи жолто-црвениот дрес на Македонија наместо „коцкестиот“. Воодушевен од приемот во нашата земја, особено во Маврово каде тренирал.

Владо Илиевски поднесе иницијатива за смена на Пеце Наумовски

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?

Да не се заборави

Во цитуација која кошарката нѝ е ЃОН, останува да се потсетуваме и радуваме на минатото. 14 септември е вистинскиот датум за такво нешто. Тројка на Владо, Македонија 4-та во Европа, плоштадот полн до даска.

Браво за кошаркарите и фудбалерите

Во сета оваа ракометна треска се појавија и двајца дунстери на кои спортот по се изгледа им е мистерија. Тие што не пратат спорт, обично велат ја појма немам од спорт, ама па не се решиле ниту да го постават најпростото прашање. Во кој спорт се натпреварува Рк Вардар?

Јоцо Давитков ќе ги води македонските кошаркари

Претседателот на МКФ Петар Наумоски заедно со неговите соработници донесе одлука најдобрите македонски кошаркари да бидат предводени од Јорданчо Давитков кој се враќа од Дубаи.

Среќа во несреќа, Македонија ќе игра квалификации за СП

Минималниот пораз од два поени разлика вечерва од Унгарија (63-61) и триумфот на Кипар над Швајцарија ја спаси Македонија од испаѓање во Б Дивизија. Унгарците играа без Ханга и Војвода, но повторно беа подобри од нас.