Кога Македонија играше полуфинале против Шпанија на Гасол и Наваро

И скоро цели 9 години подоцна уште звучи надреално. Македонската кошаркарска репрезентација ги мелеше сите ривали на Европско првенство 2011 во Литванија и стигна до полуфиналето каде се судри со идниот европски првак Шпанија.

ФИБА реши на својот Јутјуб канал да објави снимка од тој меч на кој нашите сосема машки ѝ парираа на страшната Шпанија. Изгубивме 92-80 но Мекејлеб, Владо Илиевски, Перо Антиќ, Војдан, Дамјан и другите покажаа заби против Пау Гасол, Руди Фернандез, Хозе Калдерон, Марк Гасол, Наваро, Серж Ибака, Љуљ, Рики Рубио: