Во септември годинава се одбележаа 10 години од најголемиот кошаркарски успех на македонската репрезентација. Јубилеј кој вреди да се одбележи на посебен начин и да биде потсетник на делириумот во кој не фрлија Перо, Бо Мекејлеб, Тоше, Владо, браќата и цела таа славна банда на Марин. Спремајте се за премиера викендов, следува детоксикација од политика и корона, рече тогашниот прв човек на КФМ на промоцијата, Даниел Димевски.